ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

И Здружението на социолози реагира на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование

January 28, 2025 18:54
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи”  се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“.

– Здружението на социолози, заедно со Институтот за социологија, реагираше и на Концептот за реформи во основното образование, кој на извесен начин претходи на сегашната Нацрт концепција, и во тој контекст укажа дека се продолжува со една вообичаена практика нетранспарентно „реформирање” во многу кус временски период на нашето образование кое веќе повеќе заличува на „невладина организација” отколку на сериозна институција, се вели во реакцијата од Здружението на социолози.

Во прилог се аргументите и предлог решенијата од Здружението на социолоз за подобра и поквалитетна концепција за поквалитетно образование:

1. Нерамноправен однос помеѓу природните општествените хуманистичките предмети, кој е повеќе од нерамноправен. Сите природни науки остануваат задолжителни во прва и втора година и изборни на продлабочено ниво во трета и четврта година со 4 часовен неделен фонд, додека од општествените предмети сите изборни се со два часа неделен фонд. Покрај тоа е избришана социологијата како задолжителен предмет а воведено е граѓанско образование (се менува наука за дисциплина). Граѓанско образование е предмет кој учениците веќе го изучуваат како редовен во седмо, осмо и деветто одделение и сметаме дека во прва година гимназиско образование учениците треба да ја изучуваат социологијата како најопшта општествена наука, како повисоко ниво, како наука која им ги отвора вратите на општествената стварност. Во четврта година да се врати филозофијата како задолжителен предмет со барем два часа неделен фонд.

2. Изборот на предмети кои ќе ги изучува ученикот го гледаме како современ концепт и позитивна промена, но како ученикот ќе избере предмет со кој нема никаков контакт, информација ниту предзнаење? И во овој поглед природните науки се во голема предност бидејќи предметите кои се задолжителни веќе имаат прилика да им се познати и кон нив да развиле интерес. Може да дојде и до намалување на критериумите кај наставниците поради поголем избор на нивните предмети на повисокото ниво што сериозно би го намалило квалитетот на образованието.

3. Се залагаме за поголема вклученост на наставниците социолози во стручните служби покрај педагогот, психологот и дефектологот.

4. Исто така цврсто стоиме на ставот и се залагаме за враќање на нормативот по предметот граѓанско образование (во основното, стручното и според Нацрт концепцијата во гимназиското образование) на наставниците по социологија како најкомпетентни за предавање на овој предмет. Социолозите го воведе и конституирале како предмет но сега се во ситуација да не го предаваат (го преземат наставници историчари и филозофи).

-Ваквата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование подготвена од БРО укажува на нискиот капацитет на една од најзначајните образовни институции за следење и развивање на квалитетот на образованието. Без претходно да се реформира БРО и да се зајакнат неговите човечки капацитети реформите во основното, средното-стручно и гимназиското образование не можат да бидат успешни, се вели вео реакцијата од Здружението на социолози на Република Македонија.

Прочитајте и…

Отворено писмо од гимназиски професори: Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование

Next Post
Фото: Скриншот

„Уапсете го Вучиќ!“: Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk