ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повик за бојкот на продавниците и во Македонија, в петок 31 јануари

January 28, 2025 14:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Бојкот Маркет
Share on FacebookShare on Twitter

Незадовоството од граѓаните во регионот од високите цени изразено преку акции за бојкот на продавниците, бензиските пумпи, рестораните и кафулињата по Хрватска, Црна Гора, и Босна, стигна и во Македонија.

На еднодневен бојкот на продавниците во петок, 31 јануари повикуваат граѓаните на Македонија на социјалните мрежи.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон бојкотот за да се испрати јасна порака до одговорните за економската состојба.

„Попусто попусти кога цените се исти. Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања“, се вели во повикот на социјалните мрежи.

Одговорните пак за економската состојба велат дека го поддржуваат најавениот бојкот.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакнуваат дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите.

„ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. Нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат „граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити“.

„Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот’, соопштуваат од СДСМ.

Ј. Ѓ.

 

 

Tags: бојкотмаркети
Next Post

(ВИДЕО) Ристески: Спонзорството за МЗТ скратено од 24 на 12 милиони денари

EVN

НАЈНОВО

Бик во центарот на зодијачки круг со светлосни астролошки симболи и космичка позадина.

Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

March 7, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

March 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Кратово

Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

March 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk