ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавена листата на надворешни советници на премиерот, меѓу нив функционери од времето на Груевски

January 29, 2025 18:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 надворешни советници чии имиња се јавно објавени. Меѓу нив, се и поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

Пешевски е советник за стратешки прашања од областа на економијата, а Ставрески за финансии и банкарство. Поранешниот претседател на Собранието е советник за собраниски, политички и правосуден систем.

Професорот Александар Спасеновски, кој беше и пратеник во собранискиот состав 2011-2014 година, е советник за европски прашања, а за надворешна политика премиерот  ќе го советува амбасадорот Сашо Марковски, кој е и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската унија.

Меѓу 17-те советници на премиерот има и еден Германец. Јоханес Хајдекер е експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ.

Во делот на безбедноста, Горан Николовски е советник за стратешки прашања од областа на безбедноста, а Љубчо Андоновски советник за национална безбедност. Јован Пејковски е советник од областа на политичките и економските науки.

За советник за инфраструктура е назначен Цветко Мицевски, од областа на правото Гоце Наумовски, а за труд и социјална политика Лазар Јовевски. За животна средина советник на премиерот е Даме Димитровски, а за односи меѓу заедниците Шенер Биљали.

Советничкото место за реформи во здравството од 31 јануари останува празно откако досегашниот советник Игор Николов е именуван за амбасадор на Франција.

Меѓу советниците на премиерот има и две жени – Мимоза Рајл советник за култура и Снежана Трпевска советник за унапредување на образованието, здравството, социјалната заштита и спроведувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Мицкоски на  прес-конференција во вторникот рече дека има 17 советници од кои четворица со полно работно време во Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГруевскиМицкоскисоветници
Next Post

„Часовник на судниот ден“ е поставен на 89 секунди до „полноќ“

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk