ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

January 30, 2025 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно.

– Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде долгорочно решение. Не сакам да дадам мое мислење во моментов, но сакам да ги испочитуваме сите институции, да дојдеме до заедничко мислење, па потоа да пристапиме со заеднички став да го решиме проблемот, рече тој.

На новинарско прашање дали се потребни промени во Судскиот совет, Гаши нагласи дека веќе на сите им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството.

-Мислам дека тоа е веќе јасно. На сите граѓани им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството. Само треба да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро, затоа што неколку пати сме пробале избрзувајќи не сме донеле решенија кои се одржливи и подолгорочни. Затоа, овојпат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков, рече Гаши.

Собранието кон крајот на минатата година изгласа негативен извештај за работата на Судскиот совет, а се отворија сите  прашања кои се однесуваат на разрешување на членови од оваа регулаторно тело кои се избрани од Собранието. Се работи за разрешување на пет од девет члена на Судскиот совет. Бидејќи не постои можност Собранието веднаш да ги разреши членовите на Судскиот совет, се бараат можности за законски измени во правосудството.

Tags: ГашиПравосудство
Next Post

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалозна е изјавата на Славески, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk