ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалозна е изјавата на Славески, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

January 30, 2025 13:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

– Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славески. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати. Обврска на власта е да ги зголеми плати а не да се обидува да ги замолчува.  Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славески не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје? рече Кузеска.

Професорот Трајко Славески во Отворено, на ТВ24 рече дека најавениот бојкот на маркетите е фолклор и дека треба да се намалат барањата за раст на платите.

– Ова е само фолклор и нема да има никаков ефект, она што нема да го купите во петок ќе го купите за време на викенд затоа што не можете да се лишите од потребите, така да најдобро е како што сите сме правеле да се истражува по маркетите и да се добиваат пониски цени за вашите производи, рече Славески.

Тој објасни и дека најголем успех за задржување на стабилност на цените би имало кога би се намалиле инфлациските очекувања и барањата за раст на платите бидејќи како што објасни тој, на таков начин се подгрева инфлацијата.

Ј. Ѓ.

Tags: КузескаТрајко Славески
Next Post

ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk