ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВИДЕО „Смртта на Фросина е пропуст на системот“, „Вози на бензин не на промили!“ – протест за смртта на младата девојка на „Партизанска“

January 31, 2025 15:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Дехран Муратов

Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

„Смртта на Фросина е пропуст на системот“; „Вози на бензин не на промили!“; „Една чашка, една грешка, еден живот“; „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Без казна и вашите раце се крвави“; „Врските не враќаат човечки живот“; „Одговорност“, беа дел од пораките што стотиците граѓани ги испратија на денешниот мирен собир на булеварот „Партизански Одреди“, каде што на пешачки премин беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова, од 20-годишниот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола со 130 километри на час и поминал на црвено.

„Пораз за нас и за нашето општество е тоа што институциите дозволуваат човек кој што има 5-6 кривични пријави да помине неказнето и да го ослободуваат. Поразително е тоа што секој ден слушаме за нова жртва и на нова раскрсница да положуваме цвеќе. Одговорност треба да има и од семејството кој му дозволи да вози без возачка дозвола, но, треба да почнеме од системот да се менува“, вели еден граѓанин.

„До некаде и дечкото не е виновен што ја прегази девојката, неговите се виновни што му купиле кола и му дозволиле да вози без возачка дозвола. Сакаме да биде осуден и да заврши во затворот Идризово за да ја осети болката“, велат граѓанките.

Голем број од граѓаните запалија свеќи и оставија цвеќе пред фотографијата на младата Фросина оставена на местото на несреќата.

Денеска мирен собир е закажан и во Неготино во 15 часот, а во недела во Кавадарци.

Текст, фото и видео: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети 

Преземено: Цивил Медиа

Tags: девојкаПартизанскапротестсмрт
Next Post

Белградските таксисти со поддршка за студентите, в недела бесплатно ќе ги вратат од Нови Сад

НАЈНОВО

ISRO објави дека орбитерот Chandrayaan-2 го фотографирал местото на слетување на Apollo 11. Фото извор: India Today

Chandrayaan-2 ја сними локацијата на Аполо 11: Индиски доказ за човечките чекори на Месечината

October 30, 2025

Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

October 30, 2025

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 е признание за економската неспособност на Владата

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk