Американската поп ѕвезда Мадона на својот Инстаграм профил сподели storie за студентските протести во Србија.
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека во Србија моментално се одржува еден од најголемите студентски протести од 1968 година“, стои во објавеното видео што го сподели Мадона на Инстаграм.
Заедно со снимките од дрон се опишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади.
Се наведува дека луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата.
Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа“, се вели во објавата.
Ова е сериозен проблем, се додава.
„Треба оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. „Ние стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.
Снимките се придружени со познатиот хит на Мадона „Like a Prayer“.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…
(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ облечен во дуксер „Студентите се шампиони“