Големиот протестен марш под мотото „Кој е следен“ почна во 17 часот пред Универзална сала. По булеварот „Партизански одреди“ многуилјадната колона се упати кон Собранието, а по пат го исвиркаа министерството за правда.
„До кога ќе нѐ газите“, „Не е несреќа – неправда е“, „Не е случајност – корупција е“, „Секој еден може да е следен“ се дел од пораките што ги упатија учесниците во протестот.
На ФБ пејџот на Фронтлајн има повеќе кратки видеа во живо.
Видео и фото: Јане Ѓорѓиоски