ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ФБИ под притисок: Службеници одговараат на прашања за истрагата за упадот во Капитол

February 3, 2025 10:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Службеници на Федералното истражно биро (ФБИ) во САД добиле детален прашалник за нивната работа во кривичните постапки поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно влегоа во зградата на Конгресот.

Документот предизвикал страв од можни откази меѓу агентите на ФБИ, посочуваат локалните медиуми.

Во прашалникот, од службениците се бара да ја наведат нивната позиција и улогата во истрагите за 6 јануари, како и дали учествувале во надгледувањето на тие случаи. Одговорите треба да бидат доставени денеска до 15 часот (21 часот по македонско време).

Извршниот заменик-државен обвинител на САД, Емил Бов, во петокот отпуштил осум високи функционери од централата на ФБИ, како и директорите на канцелариите во Мајами и Вашингтон.

Со друга наредба од истиот ден, Бов побарал до вторник на пладне да му биде доставен список со сите службеници кои работеле на настаните од 6 јануари, како и оние кои биле ангажирани во истрагата против лидерите на вооружената група Хамас, во врска со конфликтот во Појасот Газа.

Минатата недела, Бов отпушти и над 12 федерални обвинители кои работеа на двата запрени судски процеси против Трамп, покренати од специјалниот обвинител Џек Смит – едниот за неговите активности поврзани со обидите да се поништат резултатите од претседателските избори во 2020 година, а другиот за класифицирани владини документи.

Портпаролот на ФБИ одби да го коментира прашалникот споделен со агентите.

Демократите и други критичари го обвинуваат тимот на Трамп дека спроведува чистка во ФБИ и Министерството за правда, насочена кон службеници кои учествувале во истрагите против Трамп и учесниците во нападот на Капитол.

Tags: истрагата за упадотКапитолФБИ
Next Post

Кошта: Ги продолжуваме напорите за преземање поголема одговорност на ЕУ за својата одбрана

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk