ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ: Oбиди за манипулација, присвојување и замолчување!

February 3, 2025 16:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Неколку дена власта се обидува вината за нефункционалниот систем да ја префрли на опозициската СДСМ, односно дека нефункционалниот систем на СДСМ е виновен за смртта на Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала на 29 јануари.

Како реакција за случајот на Фросина, граѓаните организираа два протести во Скопје, Неготино и Квадарци од каде упатија порака за правда и конечно да почне да функционира системот.

Власта тврди дека протестите ги организира опозицијата, а провладините медиуми и ботови на социјалните мрежи заокружуваат луѓе и ги посочуваат како доказ дека протестите се опозициски.

Само да знаете кој организира… Шарена револуција 2 дел? Извршители на протестот Левица, финансиери СДСМ. Дали ќе дозволиме пак да не изиграат?, гласи една објава на Х платформата.

Како одговор на овој пост извесен Каизен на свој Х профил објави:

Приметувате вмровските ботови како почнаа да хистеришат оркестрирано деновиве? Во Србија ќе паѓа Вучиќ, а овде очигледно ги исплаши еден мал собир пред Силбо, па пробуваат одма да го скинат во корен. Лешинарска партија.

Друг профил на Х извесен Ѓорчеец, објави фотографија од една девојка од протестот за Фросина со коментар: Ова лице личи ли дека има жал што згасна еден живот. Па п*****и м***р од прв до последен од таа шарена револуција… Како бе не се најде еден да ги шамара додека фарбаат улиците гниди гнасни.Еден од коментарите на горенаведениот пост на извесен Вигор гласи: Овие ретардираниве сороспии треба да се газат како во Србија, нема веќе спонзорства од мјурика.Профилот Марга, вмровски бот, на својот Х профил објави фотографии со заокружени лица на дел од демонстрантите (позната метода од времето на режимот на Груевски) со коментар: Пиперкара и редари и елеци копирале од Белградските протести. А ова Црвенава Прцоречка младина Геријатрија. Не бе ова све на клоци, мора да ја исчистиме државава од овие паразити! 8 години СДСУЧК пепел ја направија Македонија сега се дигнале бе! Мрш п***а ви матер!

Несреќниот случај прв го исполитизира т.н. новинар Зоран Божиновски (Буревесник) кој на својот Фејсбук профил објави: За убиецот Васо Јованов да оди во поправен дом и да има заштита, наместо да оди во затвор ургирала Радмила Шекеринска.

Потоа објави уште еден статус: Oсвен од Шекеринска, убиецот Васо Јованов имал заштита од Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, екс полковник во АРМ. Колега на тато!

Извесен Јосиф Џолев на својот Фејсбук профил ги објави имињата и презимињата и фотографиите на реодителите на Васил, како и името и фотографијата на судијката Даниела Алексовска Сојановска која донела одлука наместо во затвор, да оди во поправен дом за поседување на 80 паковки дрога. И сето тоа го поврзал со Радмила Шекеринска.

Во пресрет на вчерашниот масовен протест на еден од скопските подвожњаци со појави транспарент на кој пишуваше: Радмила каде си? На местото на несреќата. #Фросина, #БарајЈаРада.

Ваквиот транспарент наиде на осуда од граѓаните.

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги демантирала ваквите лажни обвинувања и деодава дека за жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.

„Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА. Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно!“, вели Шекеринска.

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки демантира дека имал било какво влијание.

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите, со тоа не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ.

„Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар. Трагедијата треба да ја обедини нацијата во жалост и барање одговорност – не да се сведува на политичка пресметка. Обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“ е само очајничка стратегија за да се одвлече вниманието од системските пропусти. Влада што се плаши од гласот на сопствениот народ веќе признава дека потфрлила. Историјата е сведок дека секоја власт што не ги слушала граѓаните, на крајот била казнувана“, вели Филипче.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

Обвинителство: Вања е грабната во 7:29, Цитроенот запален во 9:30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk