ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ИФФК „Браќа Манаки“ добитник на „BSC Special Achievement Award“

February 4, 2025 16:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: ИФФК „Браќа Манаки“

Фото: ИФФК „Браќа Манаки“

Share on FacebookShare on Twitter

Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон.

Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија. Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

Британското здружение на кинематографери, кое по американското е најстаро и најбројно национално здружение на кинематографери во светот, ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи на поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во нивното  образложение се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма, туку и претставува платформа за нови генерации на кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

-Битола е нашата вечна инспирација, градот каде што светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија – нивната камера „ Биоскоп“ со сериски број 300. Денес со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски.

Претходни добитници на наградата за посебно достигнување се легендарниот кинематографер Јост Вакано, еден од најзаслужните што кинематограферите денес имаат статус на автори, британската Национална школа за филм и телевизија и Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО.

На истата церемонија Наградата за животни дело ја доби кинематограферот Дик Поуп, познат по долгогодишната соработка со режисерот Мајк Ли, а Наградата за најдобра кинематограферска работа во долгометражен филм ја доби Лол кроли за филмот „Бруталист“, еден од најнаградуваните филмови во овогодишната сезона на награди.

Признанието што го доби ИФФКК „Браќа Манаки“ доаѓа како потврда дека филмската уметност е жива, дека моќта на еден кадар е безвременска и дека тие што напродно работат не остануваат незабележани и се почитуваат како најголеми пријатели.

Tags: „Браќа Манаки“BSC Special Achievement Award
Next Post

Јокиќ за размената на Дончиќ: Не очекуваше, но ќе се снајде, тој е создаден за големата сцена

Shortcut

Најново

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk