ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Пандов

February 4, 2025 14:23
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на држава администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов како реакција на, како што наведуваат јавните линчувања кон припадници на затворската полиција со укажување на проблемите со кои се соочувата и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

-Изминативе неколку дена имаше јавни линчувања кон припадниците на затворска Полиција од јавни личности носители на функција пренесено од медиуми. Со дадените изјави за сегашната состојба во одредени затвори се поставува прашањето дали воопшто предходник (директор на УИС) Ви ги пренесе, укажа и објасни состојбите во затворскиот систем ???”. Со ова Отворено писмо до Вас и јавноста а в.в. со случувањата во КПУ Затвор Скопје од страна на Синдикат на Затворска Полиција и администрација на Македонија ќе Ви одговоривме со: „ДАЛИ ЗНАЕТЕ ???”. Дали знаете кој е оптимално потребен број на припадници на Затворска полиција во Затвор Скопјe за вршење на тековни активности, стои во писмото.

При тоа од овој синдикат ги наведуваат и другите бројни проблеми со кои се соочуваат во извршувањето на нивната работа во однос на условите на работа и заканите по нивната безбедност на кои што се изложени од, како што велат, одредени криминални групи надвор од работното место.

– Дали знаете колку има опожарени возила на припадници на Затворска полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон Затворска полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат Затворските полицајци и физички се малтретирани?, прашуваат од Синдикатот на затворската полиција

Тие прашуваат и дали директорот на УИС, е запознаен кога имаат последен пат земено комплет службена униформа, дека некои припадници немаат задолжено средства за присилба (средства за врзување лисици, гумана палка, пепер спреј-солзавец…), дека речиси да нема држава каде што не се употребува електричен пиштол, и дека нема набавено ниедна „боди-камера” која е законска обврска и дел од опремата?

Се наведува и проблемот со обуката на вработените за употреба на боречки вештини, дека има припадници кои над 20 години не се обучени и упатени на гаѓање, дека немаат соодветни возила за транспорт на притворени и осудени лица 2, немаат посебна просторија при арестанско сместување во болница.

-Дали знаете колку припадници имаат напуштено и ќе напуштат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во Затвор Скопје и Идризово. Дали знаете веќе не е проблем платата за напуштање од работа туку одсуство на лична безбедност, еден извршител на повеќе работни позиции во исто време. Дали знаете по било каква промена на Закон за извршување на санкции или некој Правилник треба затворските работници да го применуваат, а не лица кои се во работната група (професори, судии, лица кои воопшто не работеле во затвор), се посочува во отвореното писмо.

Потсетуваат дека на првиот состанок со директорот на Управта за извршување санкции во јули 2024 година, му укажале дека недостасуваат полицајци, но и изразуваат подготвеност заеднички да се справат со девијантните однесувања кај нивни припадници.

-Како Синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија имаме уште многу забелешки кои и понатаму ќе Ви ги укажуваме со цел подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем, но прифаќаме, заедно ќе се бориме за секое девијантно однесување на било кој, стои во отвореното писмо од Синдикатот на затворската полиција.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера изјави дека 70 телефони биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во текот на денот во 40 ќелии, извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец за кој се сомнева дека му помогнал на притворениот Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајкајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, да дојде до мобилен телефон е суспендиран од работа.

Пандов тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле. Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

Tags: Затворска полицијаотворено писмоУправата за извршување санкции
Next Post

Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk