ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата

February 5, 2025 14:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, како и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело давање поткуп.

– Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор,  остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело фалсификување службена исправа по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

-Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело проневера во службата по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, информираат од финансова полиција.

Првопријавениот П.М, исто така, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи и во својство на одговорен менаџер- accountable manager на Авио Службата при Службата за општи и заеднички работи, иако знаел и бил свесен, а од 27.10.2023 година и запознаен со фактот дека едно лице вработено како пилот, не ги исполнувало условите за капетан-водач на воздухоплов, со несовесното вршење на своите овластувања и должности, овозможил на истото лице во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година од Службата за општи и заеднички работи да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата во својство на капетан- водач на воздухоплов, на кој начин првопријавениот овозможил лицето да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 3.444.615 денари, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело несовесно работење во службата по член 353-в став 2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, информираат од Управата за финансиска полиција.

Tags: директкривична пријаваСОЗР
Next Post

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk