ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Казнет со 200 евра зашто зборувал на телефон со вклучен звучник во Франција

February 7, 2025 11:34
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Човек кој добил налог да плати 200 евра затоа што зборувал на телефон со вклучен звучник на железничка станица во Франција, ја почна правната битка против казната.

Во јавноста познат само како „Давид“, за француската телевизија „БФМ ТВ“ (BFM TV) изјави дека пред неколку дена разговарал на телефон со сестра сѝ на станицата во Нант, кога му пришол вработен во Француската национална железничка компанија – СНЦФ. Му било кажано дека ќе биде казнет со 150 евра доколку не го исклучи телефонскиот звучник, а казната, според кажувањата на „Давид“ (54), подоцна била зголемена на 200 евра бидејќи одбил да плати на самото место. Тој потоа најмил адвокат да ја оспори казната.

СНЦФ потврди дека маж бил казнет од нивното обезбедување, со казна зголемена од 150 на 200 евра бидејќи патникот одбил да плати.

„Давид“ прво мислел дека се работи за шега. Според СНЦФ, имало и есакалација во расправијата меѓу патникот и нивните вработени пред казната да биде изречена.

Инаку, според испитувањата, 86 отсто од луѓето сметаат дека зборување на телефон со вклучен звучник во јавност е неприфатливо. Според францускиот транспортен кодекс, лицата кои користат гласни звучни уреди, или на каков било начин го нарушуваат мирот на другите луѓе со бучава, во областите на јавниот превоз, може да се соочат со парична казна.

Со оглед на таквото јавно мислење и став, и други земји имаат сличен пристап за справување со овој проблем.

Во Велика Британија се нудат и „тивки вагони“ или „тивки зони“, каде што патниците се поттикнуваат да го одржуваат нивото на бучава на ниско ниво. Прекршувањето на правилата и прописите и тука може да резултира со парична казна. И во Италија, железниците нудат слични услуги, а во Јапонија, каде што има строги културни правила за однесување на јавни места, зборувањето на телефон во воз се смета за грубо и прилично непристојно.

Tags: 200 евразвучникказнателефонФранција
Next Post
Скриншот Инстаграм

Печатено издание на Playboy - прво по пет години

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk