ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шефицата на мисијата на ЕУ: Изјавата на Гренел беше мешање во изборите во Косово, власта употреби негативен јазик

February 11, 2025 15:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефицата на Набљудувачката мисија на ЕУ за изборите, Натали Лоазо, одржа прес конференција на која ги сподели своите впечатоци за изборниот процес во Косово, одржан на 9 февруари 2025 година.

Лоазо рече дека изјавите на емисарот на Администрацијата на Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, се интервенции што може да се оценат како недипломатски, пренесоа косовските медиуми.

– Сведоци сме на интервенции на американскиот емисар Ричард Гренел на социјалните мрежи кој го критикуваше премиерот Албин Курти и тоа може да се опише како нешто недипломатско, рече Лоазо.

Таа изјави дека и покрај ова, изборите поминале мирно и без поголеми инциденти.

„Сакам да им честитам на гласачите кои учествуваа на овие историски избори, први по целосниот пратенички мандат. Изборниот ден беше мирен и гласачите имаа можност да гласаат во добри услови. Тоа се сигнали дека граѓаните на Косово се посветени на демократијата“, рече таа.

Лоазо понатаму побара да има целосна транспарентност при пребројувањето на гласовите.

„Тешкотиите станаа очигледни во фазата на броење. ЦИК имаше предизвици при вработување, обука и набавка. Треба да има целосна транспарентност за оние работи што не одат добро и зошто“, рече таа.

Понатаму Лоазо рече дека за време на изборната кампања имало многу поларизации, и загриженост за јазикот што го користеше владејачката партија.

„Изборите, вклучително и денот на изборите, поминаа мирно и без забележителни инциденти, а кампањата беше доста конкурентна, но поларизацијата и длабоката поделеност беа очигледни во острата реторика на кампањата.

Забележавме употреба на поттикнувачки јазик и вербални напади на противниците, на митинзи и телевизиски дебати. Тоа се одрази и на социјалните мрежи, забележавме негативна реторика  од владејачката партија кон медиумите и судството. Бојкотот на медиумите и дебатите исто така влијаеше на намалување на можноста гласачите да донесуваат информирани одлуки“, рече Лоазо.

Меѓу другите грижи, таа ги спомена и притисокот од членовите на Српска листа и мешањето на Србија во овој процес.

„Многумина пријавија и притисок од членовите на Српската листа и имаше континуирано и постојано мешање од Србија за време на изборната кампања“, рече Лоазо, шефица на Мисијата на ЕУ за набљудување на изборите во Косово.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

ГТЦ утре без вода

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk