ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ прави директен упад и партизација во судството, тоа значи ’да удриме во чело‘

February 13, 2025 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што го гледаме од страна на ВМРО-ДПМНЕ е класична партизација од аспект на целокупното нивно владеење, нема ниакви реформи. И во правосудството, не гледаме никакви реформи, освен враќање  на режимот на голема врата и сешто се случува сега се само рецидиви од минатото. Какви се тие реформи, и враќање на довербата кај граѓаните, кога претседателот на владата, излегува со Фејсбук статус во кој вика ‘ треба да се удри во чело‘. Па на кого да удриме во чело? Со тоа што ќе го партизираат судството? рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, во вчерашната дебатна емисија „Објектив“ на МРТВ.

Тој се осврна на моменталната состојба која се случува во правосудството, велејќи дека власта најбезобразно и најлицемерно прави упад и при изборот на членови на судскиот совет, како и со државниот јавен обвинител.

– Првата одлука која ја донесе ДПМНЕ и со која се гледа дека директно прави упад и партизација во судскиот систем е одлуката за членот на судскиот совет, да се стави сопругата на градоначалникот од ДПМНЕ. Со оваа реторика власта не може да излезе од матрицата дека не треба да се меша во законодавната власт. Да биде поголем парадоксот, ДПМНЕ изјавува дека во судството сите се корумпирани и дека треба да има конкретна промена, за денес ДПМНЕ во собрание да предлага продолжување на мандатот на судиите. Па каков е тој парадокс. Тоа ли е таа реторика, за удар во чело што Мицковски ја пишува на својот Фејсбук профил, рече Талевски.

Талевски потенцираше дека нема ни Р од реформите кои ги најавува власта освен лицемерие и враќање на режимот на голема врата, како и на тефтерчето, по кое беа познати ДПМНЕ. Исто сега се случува  и со изборот на јавниот обвинител.

– На граѓаните треба да им биде јасно дека потегот кој го прави Мицковски и ДПМНЕ е да си постави сопствен човек за јавен обвинител. Ние не гледаме никакви реформи или враќање на довербата во правосудниот систем, освен што имаме директен упад на власта во изборот на членовите на судскиот совет, нивно разрешување, а сега и упад во изборот на државниот јавен обвинител, рече Талевски.

-СДСМ секогаш е поборник да има реформи во правосудството. Нашиот конкретен став е Работната група, која е формирана од министерството за правда, да го предложи законското решение за комплетна реформа во правосудниот систем и врз основа на сите препораки доставени од страна на Оценската мисија, тој предлог ќе го дискутираат на маса сите релевантни фактори, за да усогласиме едно законско решение кое ќе го прифатиме сите, за комплетна реформа на правосудниот систем и тоа да се достави до Венецијанската комисија на одобривање. И ако добиеме одобрение од венецијанската комисија, ние да го донесеме во Собрание. Само така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните во правосудството. Бараме процедура врз основа на закон кој ќе биде почитуван и ќе може да се направи темелна реформа. А не ваков упад класичен од ДПМНЕ, со кој не се враќа довербата на граѓаните, ниту пак имаат желба за некакви реформи, освен за партизација и враќање на режимот, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Next Post

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за примирје во Газа, ќе ги ослободиме заложниците според планираното

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk