ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Несреќата што предизвика национална жалост не треба да се сведе на алатка за партиски планови

February 17, 2025 10:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да им се потчинам на теориите на заговор, ниту на популистички слогани и на инструментализацијата на колективната драма. Несреќата што предизвика национална жалост не треба да се сведе на евтин слоган и алатка за партиските планови, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Катимерини“, говорејќи за железничката несреќа кај Темпи пред речиси две години и истакна дека и граѓаните, но и државата бараат правда, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочи дека е потребно да се открие вистината, да се идентификуваат и казнат одговорните, а државата да ги пронајде пропустите за да може да се подобри.

За новите три видеа што се појавија во јавноста, а на кои е товарниот воз снимен од безбедносни камери, кусо пред сударот со патничкиот воз, Мицотакис посочи дека вештаците кои го истражуваат случајот констатирале дека на товарниот воз немало запаливи материјали и, како што рече, ако се потврди автентичноста на видеата, тогаш се руши целото сценарио за „нелегален товар“, а со тоа и последните аргументи за „прикривање“.

– Во период кога многумина директно го оспоруваат судството, имам двојна должност да подигнам заштитен ѕид за неговите службеници, а со тоа и за самата демократија, истакна грчкиот премиер.

Во однос на масовните протести во Атина и останатите грчки градови на кои граѓаните побараа правда, Мицотакис рече дека секој на свој начин „ја изразува својата болка или своето барање за правда“

– Ги слушам овие пораки и често се согласувам, но, доколку се вистинити и засновани на реалноста, да се држат настрана од партиските задни намери и вон плановите за лична промоција. Во оваа смисла чувствувам дека граѓаните бараат вистина и правда. Нешто што го бара и државата, помагајќи на секој начин во работата на истрагата. Но, разбирам и дека јавното мислење бара од нас да ги направиме потребните промени за да не се повтори ваква трагедија. И токму тоа го правиме, нагласи Мицотакис.

Железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, се случи на 28 февруари 2023 година, а за следниот петок, односно на двегодишнината веќе се закажани низа протести низ цела Грција.

Tags: Мицотакиснесреќа
Next Post

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk