ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ по објавата од Костадинов за „родовата политика“: Индивидуалните ставови градени на други места не се ставови на партијата

February 18, 2025 20:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ со партиско соопштение реагира и ја демантира објавата од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од редовите на СДСМ, во врска со „родовата политика“.

Костадин Костадинов, претходно денеска во своја фејсбук објава истакна дека СДСМ ја препознава загриженоста на јавноста и ја менува својата позиција во однос на родовите политики.

„СДСМ го менува пристапот! СДСМ покажа слух за оправданиот револт на сите нас. Жената мора да биде ставена на прво место, родот тргнат! Останува сега на оние кои хараа и жигосуваа луѓе, држеа прес конференции за тоа колку биле против родови идеологии, а денес допрецизираат закони во кои брутално ја афирмираат родовата идеологија која цел свет ја оттргнува. Срамота, за ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Костадинов.

Во реакцијата од СДСМ се истакнува дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврдува својата заложба за градење праведно и инклузивно општество, засновано врз темелните вредности на еднаквост, праведност и солидарност. Во партиското соопштение се нагласува дека социјалдемократските политики се фокусирани на елиминирање на општествените и економските нееднаквости.

„Социјалната правда и недискриминацијата се основни принципи на кои почиваат нашите политики. Само преку системски мерки може да се создаде општество во кое секој граѓанин има еднаков пристап до можности и ресурси“, стои во соопштението.

СДСМ истакнува дека останува доследен на борбата за родова еднаквост и човекови права, што е докажано низ повеќе реализирани мерки и иницијативи во изминатите години.

„Официјалните партиски ставови се утврдуваат преку дискусија и одлуки на соодветните тела и органи. Индивидуалните изјави и ставови надвор од овие рамки не се официјални ставови на партијата“, нагласуваат од СДСМ.

Партијата порачува дека ќе продолжи со политики насочени кон создавање поправедно и похумано општество, со акцент на заштита на основните човекови права и борба против сите облици на дискриминација.

Ј. Ѓ.

Tags: КостадиновСДСМ
Next Post
Фото: Укринформ

Гардијан: Наместо 150.000 војници, Украина би можела да се штити со дронови и разузнавачки системи

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk