Не стивнуваат обвинувањата на американскиот претседател Донал Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Доналд Трамп упати жесток напад врз Володимир Зеленски, означувајќи го како „диктатор“ поради како што вели неодржувањето избори.
Американскиот претседател во објавата на својот „Truth Social“ рече дека украинскиот претседател направил „ужасна работа“ и рече дека треба „да се движи брзо или нема да му остане земја“.
„Ја сакам Украина, но Зеленски направи ужасна работа, неговата земја е уништена, а МИЛИОНИ непотребно загинаа – и така продолжува…“, рече Трамп во објавата на Truth Social.
Тој, исто така, го обвини Зеленски дека „го игра Бајден „како виолина“ и предложи дека сака „да го одржи возот со намирници“, мислејќи на воената помош од милијарди долари донирана на Кијив од Вашингтон.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако тој ја обвини Украина за започнување на војната со Русија.
„Па, вие сте таму три години. Требаше да ја прекинете три години…никогаш не требаше да ја започнете“, рече тој.
Како одговор, Зеленски го обвини американскиот претседател дека живее во „балон на дезинформации“.
Ј. Ѓ.
Поврзано
Трамп ја обвини Украина за војната додека го притиска Зеленски да одржи избори