ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил

February 19, 2025 11:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Претставници на Полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ревизија на европската Рамковна директива за отпад. Преговарачите се согласија да воведат обврзувачки цели за намалување на отпадот од храна што треба да се исполнат на национално ниво до 31 декември 2030 година: 10% во преработката и производството на храна и 30% по глава на жител во малопродажбата, рестораните, услугите за храна и домаќинствата. Овие цели ќе се пресметуваат во споредба со износот генериран како годишен просек помеѓу 2021 и 2023 година. По барањето на Парламентот, земјите на ЕУ ќе треба да преземат мерки за да обезбедат дека економските оператори кои имаат значајна улога во спречувањето и создавањето отпад од храна (што ќе се идентификува во секоја земја) го олеснуваат донирањето на непродадена храна што е безбедна за човечка исхрана.

Дополнително се предвидува и намалување на отпадот на храна од малопродажбата, рестораните, прехранбените услуги и домаќинствата за 30 проценти во однос на истиот референтен период.

Договорот предвидува и поттикнување на доброволно донирање на непродадената храна, која е безбедна за консумирање од страна на луѓето, како важен аспект за намалување на отпадот од прехранбени производи.

Кога станува збор за отпадот од текстил, со договорот се предвидува воведување на хармонизирани правила за производителите на текстил и модните брендови, кои ќе мора да работат на намалување на нивниот отпад, како и да плаќаат надомест за негово собирање и третман.

Сите компании, вклучително и помалите, ќе имаат пристап до потребните ресурси и инфраструктура за правилно третирање на отпадот од текстил.

Компаниите ќе имаат период од две и пол години од стапувањето во сила на изменетата директива за усогласување со предвидените обврски поврзани со отпадот од текстил, додека на микропретпријатијата им се дава дополнително уште една година за да ги исполнат овие услови.

Според полската министерка за клима и животна средина Паулина Хениг-Клоска, која го предводеше преговарачкиот тим на Советот на ЕУ, со овој договор Унијата првпат поставува амбициозни цели за намалување на отпадот од храна и за обезбедување поодржливи системи за исхрана.

– Денешниот договор за отпаден текстил, пак, означува значаен чекор напред кон робусна, циркуларна и конкурентна економија на ЕУ, со почитувње на принципот дека плаќа загадувачот, изјави Хениг-Клоска, чија земја е актуелен претседавач на Советот на ЕУ.

Пред да се премине на постапката за усвојување на новите правила, Советот на ЕУ и Европарламентот треба и формално да го одобрат денеска постигнатиот договор. Штом новите правила и формално ќе бидат усвоени, земјите членки на ЕУ ќе имаат рок од 20 месеци да ги имплементираат во своите национални законодавства.

Според статистичките податоци, секоја година во ЕУ во просек се создаваат над 59 милиони тони отпад од храна, што претставува загуба од 132 милијарди евра. ЕУ, исто така, просечно годишно генерира и 12,6 милиони тони текстилен отпад, од кои дури 5,2 милиони тони отпаѓаат на фрлена облека и обувки, што претставува по 12 килограми отпад по лице секоја година.

Tags: ЕУотпадтекстилхрана
Next Post

Консеисао за елиминацијата на Милан од ЛШ: Сами сме виновни

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk