Хамас ги предаде телата на израелското новороденче Кфир Бибас и неговиот четиригодишен брат Ариел, двајцата најмлади заробеници кои Хамас ги зеде во нивниот напад на 7 октомври 2023 година и меѓу најмоќните симболи на траумата нанесена тој ден, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Возилата на Црвениот крст се оддалечија од местото на предавање во Појасот Газа со четири црни ковчези кои беа поставени на бина. Секој од ковчезите имаше мала слика од заложниците.
Хамас ги предаде телата на двете момчиња и нивната мајка Шири Бибас, заедно со телата на четвртиот заложник Одед Лифшиц, според договорот за прекин на огнот во Газа постигнат минатиот месец со поддршка на Соединетите држави и со посредство на Катар и Египет.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху во кратката видео изјава рече дека четврток ќе биде „многу тежок ден за државата Израел. Вознемирувачки ден, ден на тага“.
Стотици луѓе се собраа на зимскиот студ пред предавањето во Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Вооружени милитанти на Хамас во црни и маскирни униформи ја обиколија областа.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа