ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Запленети лекови и анаболични стероиди, кривични пријави против пет лица

February 20, 2025 13:17
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку ГП „Деве Баир“ да криумчари разни лекови и анаболични стероиди, од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg.

Како што информира денеска Царинската управа, лицето е откриено при контрола на возилото од страна на мобилен царински тим. Лековите се откриени во ќеса скриена со ќебе и јакна, во фиоката над воланот и во сандакот со алат. Вкупната вредност на лековите е 788 илјади денари. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.

Кривична пријава е поднесена и до ОЈО Гевгелија против државјанин на Иран заради основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. Сторителот, кој управувал со товарно моторно возило натоварено со производи за увозник од Скопје на граничниот премин „Богородица“, покрај останатите документи, приложил и фалсификувана поединечна транспортна дозвола.

– Кривична пријава до ОЈО Гевгелија е поднесена и против две лица, едно правно и едно одговорно лице во транспортна компанија заради основано сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Одговорното лице во транспортната компанија направил лажна исправа „извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународен патен сообраќај“ при што од својот компјутер во делот за регистарски ознаки ги променил ознаките на возилото и впишал регистарски ознаки на друго возило. Лажната исправа ја ставил во кабината на товарното моторно возило, која подоцна е приложена од возачот на излез од државата на граничен премин „Богородица“, при транспорт на стока. Царинските службеници се посомневале во автентичноста на дозволата и случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги, кој изврши проверка на исправата со надлежни институции, при што е утврдено дека исправата е фалсификувана, се вели во соопштението.

Кривична пријавa е поднесена и против македонски државјанин кој се обидел да криумчари стока во вредност од 826.400 денари, за кои требало да плати увозни давачки од 155.232 денари. Станува збор за рачка за епилатор „Elysion applicator“ која е пронајдена во картонска кутија сместена меѓу предните и задните седишта на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој сторителот се пријавил за влез на граничниот премин „Деве Баир“.

Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин „Табановце“ запленила разна стока, меѓу која четири инвертери за соларни системи, 150 парчиња лакови за нокти од 10 мл и 20 парчиња серум за кожа од 30 мл, која македонски државјанин, кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички, се обидел да ја криумчари во државата.

Царинските службеници на граничниот премин „Табановце“ заплениле топлинска пумпа BOSCH (внатрешна и надворешна единица со заштитни маски). Македонски државјанин, кој патувал со автомобил со австриски регистарски таблички, се обидел да ја шверцува во државата без да плати увозни давачки.

Запленети се 3.300 евра, откриени при личен претрес на патник, македонски државјанин, кој со автомобил со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин „Богородица“. Патникот пријавил дека со себе носи 2.500 евра, но при извршената контрола, во џеб од неговата јакна, биле пронајдени 5.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Мобилен царински тим запленил и 31 пар патики со вкупна вредност од 137 илјади денари. Производите биле пронајдени во ќеси и торби сместени на задното седиште и во багажникот на автомобил со бугарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин „Табановце“.

Вкупно 1.320 ремчиња за рачни часовници се пронајдени во два куфери и ранец на македонска државјанка, која патувала со автобус кој сообраќал на релација Истанбул-Скопје. Непријавените производи се откриени при контрола на автобусот на влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“.

– 42 парчиња делови за возила, со вкупна вредност од 302 илјади денари се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на товарниот дел на два камиони со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин „Табановце“, автопат. Во првиот случај, се пронајдени 13 употребувани гуми за камиони, 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи за автомобили, 4 задни светла и 13 хидраулични пумпи за камиони, а во вториот случај се пронајдени 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи и 4 нови гуми за автомобили, се вели во соопштението од Царинската управа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: запленетилековистероиди

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Мбапе им честиташе на ПСЖ по финалето на Лигата на шампионите

June 1, 2025
Фото: илустрација Jay Heike / Unsplash

Тројца мртви во пожар во болница во Хамбург, над 50 се повредени

June 1, 2025

Филипче за Мицкоски: Во Будимпешта ја цитира Библијата, дома ја урниса економијата

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk