ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

February 24, 2025 12:39
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Од конференцијата „Украина, година на хероизмот“, Дом на Армијата, Скопје, 24 февруари 2023 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Од конференцијата „Украина, година на хероизмот“, Дом на Армијата, Скопје, 24 февруари 2023 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ладниот ум на историјата ќе ги запамети овие времиња како ера на бесрамни лаги, огромна трагедија и неизмерно зло – наспроти невидениот хероизам и непобедливата љубов за слобода и мир.

Од почетокот на целосната инвазија, Генералниот обвинител на Украина регистрира повеќе од 156.000 случаи на воени злосторства, вклучувајќи мачење и егзекуции на цивили – меѓу нив деца, жени и стари лица, егзекуции на воени заробеници, бомбардирање на цивилни цели, вклучувајќи болници, училишта и детски градинки, сексуално насилство, употреба на хемиско оружје, и многу други страшни злосторства. Светот посведочи на шокантни сцени од ужасно насилство, често снимени од самите руски агресори. Меѓу најтешките злосторства е киднапирањето на 20.000 украински деца, подложени на русификација во таканаречените „кампови за превоспитување“. Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на воените криминалци Путин и неговата комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, за незаконско депортирање и пренос на деца, што е воено злосторство според меѓународното право.

Пред три години, Украина, предводена од уметник и интелектуалец – претседателот Зеленски – застана на раскрсницата на историјата. На претседателот му беше понудено да побегне додека бомбите паѓаа врз неговата земја, но тој одговори со зборови кои ќе одекнуваат низ времето засекогаш: „Борбата е тука; ми треба муниција, а не превоз“.

Украина кажа НЕ! НЕ на бруталната и крвожедна агресија. НЕ на машинеријата на лаги и пропаганда. НЕ на силите на тиранијата кои сакаа да ја избришат оваа суверена нација од картата.

Уште позначајно, Украина рече ДА! ДА за слободата, ДА за достоинството, ДА за правото на нејзиниот народ да ја одреди својата сопствена судбина. Јас сум длабоко трогнат и благодарен за жртвите на украинскиот народ и засекогаш ќе го почитувам нивниот хероизам и храброст. Тие не ја бранат само својата земја, туку ја бранат демократијата и слободата за сите нас.

Фронтовите на оваа војна се протегаат многу пошироко од рововите и небото што е под опсада од ракети и дронови. Тие се во нашите градови, нашите институции, нашите медиуми и нашите општества – каде што се води борбата против дезинформациите и пропагандата. Војната на Русија не се води само со ракети и тенкови, туку и со лаги, манипулации и страв, засилени од нејзините сојузници од екстремната десница во Европа, регионот и ширум светот.

Како некој што посвети долги години во борба на фронтовите на вистината, знам дека оваа борба не може да се води самостојно. Го носам Орденот за заслуги, доделен од претседателот Зеленски, со длабока почит и благодарност – не како лична заслуга и чест, туку како почит кон моите колеги и соборци кои се исправени пред многу посилен непријател. Ве повикувам да ги запомните новинарите, активистите и трагачите по вистината кои ја откриваат измамата, се спротивставуваат на пропагандата и одбиваат да дозволат лагите да ја обликуваат нашата иднина. Тие се невидливите воини во оваа борба.

Повеќе од стотина наши колеги се уапсени, убиени или исчезнати во трите години руска агресија. Еден од нив, Вилен Темерјанов, новинар од Крим чиј случај го следам и јавно го застапувам, е во руско заточеништво од август 2022 година. Тој е подложен на тортура, изолација, психичко малтретирање, електрошокови, наркотици и други методи, сето тоа како дел од ужасната тактика позната како казнена психијатрија од Советскиот Сојуз.

Денес, кога одбележуваме три години од отпорот, ве повикувам да изразиме почит за борбата на Украина не само со зборови, туку и со непоколеблива солидарност и конкретна поддршка, сѐ додека е потребно, до конечното ослободување на Украина и воспоставување праведен и траен мир. Затоа што борбата на Украина е наша борба. Нивната издржливост е нашата лекција. Нивната победа ќе биде победа за сите кои одбиваат да ѝ се покорат на тиранијата.

Слава Україні!


Обраќање на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025, Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025

Иран призна голема штета на нуклеарните постројки

June 27, 2025
фото: МИА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk