ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уапсена раководителка во железницата на Србија

February 24, 2025 11:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН

По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени.

Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека постои основано сомневање дека нивните пропусти се причинско-последично поврзани со трагедијата, бидејќи доколку постапувале совесно и ја извршувале својата должност за вонреден увид, како и контрола на условите за време на пробната работа, тогаш ќе можеле да ги забележат недоследностите пред уривањето на настрешницата.

„Морам да напоменам дека Специјалното одделение постапува одвоено од предметот на Јавното обвинителство во Нови Сад во кој е поднесено обвинението, како и одвоено од предистражните дејствија што ги презема Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со финансирањето на проектот за реконструкција на Желеничката станица во Нови Сад, бидејќи делата на извршување на кривичните дела за кои се товарат осомничените се извршени на територијата на Белград, иако трагичната последица се случила во Нови Сад“, рече Стефановиќ.

Тој додаде дека случајот е формиран откако Обвинителството ја разгледало кривичната пријава од 2 февруари, приложените докази и документацијата во врска со кривичното дело, која е објавена на веб-страницата на Владата на Србија.

Tags: железницаСрбија
Next Post

Фон дер Лајен од Кијив: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk