ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод 3-та годишнина од руската целосна инвазија на Украина организираше митинг и марш во центарот на Скопје

February 24, 2025 09:28
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.

Во обраќањето по тој повод, потпретседателката на Здружението Тамила Велковска истакна дека денот кога руската федерација изврши инвазија на нивната земја, е најстрашниот ден во модерната историја на Украина и ден кој целосно засекогаш го променил живот на милиони луѓе.

-На 24 февруари се навршуваат 3 години од  –  Три години од тоа страшно утро кога се разбудивме од зборот „војна!“. Сите овие три години на секој од нас го боли секој проектил, секоја бомба или граната испукана врз нашата земја, сите овие три години ги оплакувавме загинатите цивили, како и нашите херојски бранители, сите овие три години нè боли секој изгубен сон, секој кој е принуден да го напушти својот дом по желба да се спаси себеси и своите деца од страшниот и безмилосниот руски монструм. Во текот на овие три години, илјадници и илјадници наши домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес: сета болка, гнев, понекогаш очај но и надеж, благодарност до нашите бранители и омраза кон проклетиот непријател, рече Велковска.

Таа потсети дека милиони Украинци се принудени да талкаат низ светот во потрага по заштита, и при тоа ја повтори благодарноста до Македонија која им даде засолниште на Украинците, пружи можности за живеење и работа овде, како и за сета помош во политичка и воена сфера!

-Македонија уште еднаш потврди дека е мала земја со големо срце, рече Велковска и порача дека во пресрет на тригодишнината од почетокот на руска инвазија врз Украина, не губат надеж за најдоброто за нивната земја и оти никој нема да ги натера да се предадат.

Next Post

Oблачно со услови за дожд

НАЈНОВО

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk