ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис за железничката несреќа: Националната драма треба да го обединува општеството под заедничкото барање за вистина и правда

February 26, 2025 12:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството Грци сакаат вистината да блесне, правдата да биде задоволена, никогаш повеќе да не доживееме слична трагедија, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, осврнувајќи се на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи, посочувајќи дека „националната драма треба да го обединува општеството под заедничко барање за вистина и правда“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во петок се навршуваат две години од несреќата во која животот го загубија 57 лица, поголемиот дел од нив студенти, а закажан е генерален штрајк што ќе ја парализира Грција и ќе се одржат над 300 протести во земјата и странство.

На почетокот на владината седница, Мицотакис се осврна на железничката несреќа и закажаните протестите, за кои посочи дека се уставно загарантирани право на граѓаните, но и дека државата треба да ги заштити демонстрантите, истакнувајќи и дека „и покрај оваа клима на поделеност и голема тензија“, тие се тука да ги обединат Грците.

– Задутре многу наши сограѓани ќе бидат на плоштадите во земјата за да им оддадат почит на жртвите, за да ја испратат очигледната порака дека вистината треба да блесне, а виновниците да бидат казнети, со право, од државата да побараат добар и безбеден транспорт. Сигурно одредени ќе протестираат против Владата, но државата има должност да се погрижи за секој да може да го искористи своето право на слободно изразување. Полицијата ќе биде таму за да ги заштити учесниците и уставното право за мирен собир. Тоа е позиција на одговорност што ја очекуваме и од организаторите и од учесниците, рече Мицотакис.

Паралелно додаде дека „некои се обидуваат оваа колективна жалост да ја претворат во можност за нова поделба, да ја искористат болката како средство за свои цели и тагата за трагичната несреќа да ја сведат на евтина партиска парола“.

– Инсистирам на ова, бидејќи веќе е јасен обидот на одредени кругови оваа емотивна клима да ја променат во клима на политичка дестабилизација. Го гледате и вие тоа дека ширењето непристојни пораки на интернет ги надмина сите граници и не е случајно што дел од опозицијата отиде дотаму да говори за „Влада – убиец“ или да усвојува провокативни и индикативни пароли од типот „за да дишеме, мора да ги собориме“, рече Мицотакис.

Посочи дека се должни да се спречи „доведувањето во прашање на внатрешната стабилност и нормалност во земјата“.

Мицотакис се осврна и на расправата во Парламентот закажана за следната седмица што се однесува на формирањето предистражна комисија за несреќата и посочи дека партиите ќе можат да ги претстават своите ставови, а ако сака опозицијата може да достави предлог за гласање недоверба на Владата.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година при директен судир на товарен и патнички воз, кои се движеле на истата шина во различни правци, по сударот следеше и експлозија, а животот го загубија 57 лица.

Две години подоцна, остануваат неодговорени низа прашања, а граѓаните в петок, преку протестите што се очекува да бидат масовни ќе побараат правда.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: железничка несреќаМицотакис
Next Post

(ВИДЕО) Алармантно е, потребни се три минмални плати за да се покријат основните трошоци, истакна Филипче

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025

Герасимовски со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

October 20, 2025

Концерт на „Трио Анимато“ на фестивалот „Златна лира“

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk