ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит, побара Филипче

February 26, 2025 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција побара одговор од Владата дали парите од унгарскиот кредит се потрошени или се трошат за друга намена.

Филипче рече дека до нив стигнуваат информации и од повеќе банки и од повеќе компании. Информциите од банките, според Филипче се дека веќе не може да примаат апликации на компаниите за парите од унгарскиот кредит, поради тоа што Владата нема да може да им ги исплати парите, како и дека бројот на апликации е сосема мал.

-Македонските компании требаше да добијат финансиска поддршка од унгарскиот кредит, меѓутоа засега нема никакви податоци за негово навистина ефикасно делење и спроведување. До нас стигнуваат информации за коишто сметаме дека Владата треба да одовори, а тоа е дека парите коишто беа наменети за компаниите од унгарскиот кредит практично се потрошени за друга намена, рече Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, затоа е сменет Законот за работа на банките и првпат на Македонската банка за развој и се дозволува да се задолжи директно во Буџетот, а не кај меѓународни финансиски институции како што тоа беше и до сега.

-Тоа значи дека сите компании коишто ќе аплицираат за таков кредит со ниска каматна стапка, ќе бараат пари односно Владата ќе бара да ги задоволи потребите диркетно од буџетот и веројатно и од други извори, а не од тој унгарски кредит којшто требаше да биде наменет за таа работа. Ја прашувам Владата дали навистина парите од унгарскиот кредит се потрошени или се трошат за друга намена. Дека парите коишто до компаниите треба да стигнат преку МБР треба да стигнат директно од буџетот и до други извори, а не од унгарскиот кредит и дали тие комерцијални банки коишто сега даваат практично со намалено темпо и динамика пари кон компаниите треба да бидат понатаму субвенционирани од Владата повторно од друг извор, а не од унгарскиот кредит, рече Филипче.

Ја обвини Владата дека ја уништува и не се грижи, ниту за екномијата ниту за стандардот на граѓаните, а нема волја да прифати некакви законски предлози коишто доаѓаат од опозицијата со цел животот на граѓаните да се олесни. Според него, состојбата е крајно сериозна, и СДСМ ќе продолжи да предлага законски измени.

Tags: унгарски кредитФилипче
Next Post

Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk