ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костова за изјавата на Димитриеска-Кочоска кон Петровска: Безобразна родова дискриминација

February 27, 2025 15:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, остро го критикуваше денешното излагање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која, како што вели, се обидела да ја потценува пратеничката Славјанка Петровска. Според Костова, изјавата на Димитриеска-Кочоска претставува уште една потврда за родовата дискриминација која, како што посочува, ДПМНЕ ја практикува со цел да ги понижи жените, особено во политиката.

„Оваа изјава е пример на безобразна родова дискриминација. Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката за финансии ја отфрла критиката на Петровска и со потценувачки тон ѝ вели дека не знае колку троши четиричлено семејство,“ објави Костова на Фејсбук.

Потпретседателката на СДСМ, исто така, ја обвини Димитриеска-Кочоска за влез во патријархални и родово ограничувачки рамки, кои, како што вели, се целта на агресивното наметнување на традиционални улоги за жените од страна на ДПМНЕ.

„За жал, да се биде жена во политика не значи автоматски дека се работи на родова еднаквост. Иако таа се претставува како жена на важна политичка позиција, изјавата на Димитриеска-Кочоска е пример на женомразачка политика која ја интернализирала мизогинијата, основен постулат на ДПМНЕ,“ изјави Костова.

Костова посочи дека борбата за родова рамноправност подразбира напори за завршување на дискриминацијата против работните мајки, како и за изградба на систем што ќе им овозможи на жените флексибилност за баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот.

„Ние мора да обезбедиме рамноправност во изборите што жените ги прават, било да се тоа избори за кариера, брак или семејство. Овој избор треба да биде почитуван, а системот треба да обезбеди финансиска стабилност за сите жени. Сепак, оваа Влада предводена од Мицкоски ја оневозможува финансиската стабилност за мнозинството граѓани,“ истакна Костова.

На крајот, Костова ја оцени изјавата на Димитриеска-Кочоска како срамна, но не и неочекувана, додавајќи дека оваа политика е карактеристична за ДПМНЕ, која, според неа, секогаш насочена кон понижување и угнетување на жените, особено на оние кои се гласни и се борат против штетната матрица на оваа партија.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство и има два сина.

„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство. И научете во пописот што вие го направивте, едно просечно семејство е 3-члено, а не 4-члено. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!“, рече видно нервозна министерката и ја напушти говорницата.

Ј. Ѓ.

Tags: КостоваКочоска ДимитриескаПетровскародова дискриминација
Next Post

УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk