ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски од Будимпешта: Унгарија останува наш докажан и силен партнер

March 3, 2025 22:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

– Утрешниот заеднички состанок на владите на Северна Македонија и Унгарија е уште еден значаен момент за продлабочување на нашите односи, но и неопходна можност за стратешка координација во време на сериозни политички и безбедносни предизвици. Искрено верувам дека овој состанок е одлична можност за размена на мислења и ставови кои значително ќе придонесат за унапредување на севкупната билатерална и мултилатерална соработка, како и за дополнително зајакнување на европскиот мир, безбедност и просперитет, истакна Муцунски на заедничката прес-конференција.

Тој изрази благодарност за континуираната, пријателска, недвосмислена и сеопфатна поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија како на билатерално ниво, така и преку техничката помош. Посебно го истакна значењето на, како што рече, несебичната поддршка за време на успешното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година.

– Република Северна Македонија се наоѓа на клучен крстопат во процесот на европската интеграција. Во оваа насока, очекуваме континуитет во поддршката и разбирањето за нашите позиции, како и за загриженоста што ја предизвикува наметнатиот предлог од 2022 година. Во изминатите 20 години донесовме бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство. По сите тешки отстапки од наша страна и долгогодишните ветувања од европските партнери, сè уште се наоѓаме во чекалната, а пред нас е неизвесен пат, условен со уставни измени и низа други билатерални барања наметнати од нашиот сосед, Бугарија. Без оглед на сериозните предизвици со кои се соочуваме, сакаме да веруваме дека со максимално искористување на нашите политички и дипломатски капацитети, реално е остварлива целта што Европа ја поставува – до 2030 година да станеме рамноправен член на заедничкото, демократско и просперитетно европско семејство, рече Муцунски.

За реализација на оваа цел, како што рече, земјата има обврска да испорача реформи, а ЕУ има должност преку своите постапки да го потврди  долгонајавуваниот стратегиски пристап не само кон нас, туку и кон целиот регион.

На овој пат кон заедничкиот успех, рече Муцунски, Унгарија останува наш докажан и силен партнер во НАТО, а соработката и заложбите за унапредување на отворената и искрена комуникација ќе продолжат да се развиваат, особено во пресрет на следниот Самит на НАТО во јуни оваа година во Хаг, Холандија.

Тој потенцира дека годинава е навистина значајна за двете земји бидејќи се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

– Овој јубилеј го дочекуваме со силна подготвеност за отворање на ново поглавје во нашата соработка. Заедно, со гордост се потсетуваме на три децении успеси и извонредни достигнувања, истакнувајќи дека Унгарија е еден од нашите 10 најголеми трговски партнери и еден од десетте најголеми странски инвеститори во нашата држава. Силно сум убеден дека и во годините што следат ќе го задржиме континуитетот на одличната партнерска и пријателска соработка, на секое ниво и во сите области од заеднички интерес, вели Муцунски.

Во однос на клучните геостратешки предизвици, и особено состојбата во Украина, двете земји ја споделуваат целта за безусловно и што е можно поскоро постигнување на посакуваниот мир, безбедност и стабилност во Европа и светот. При тоа Муцунски укажа на коспонзорството од страна на двете земји на Резолуцијата на Светската организација 2774.

– Во таа насока, остануваме силно посветени на почитувањето на Повелбата на ОН, како и на нормите и принципите на меѓународното право. Во оваа смисла, заедно со нашите унгарски пријатели, бевме ко-спонзори на резолуцијата 2774 (2025) во Генералното собрание на ОН, која подоцна беше усвоена во Советот за безбедност. Оваа резолуција, меѓу другото, ја изразува длабоката жал за трагичната загуба на човечки животи и потсетува дека главната цел на ОН е зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, како и мирното решавање на споровите. За надминување на актуелните недоразбирања и различните пристапи на глобалната политичка сцена, искрено веруваме дека ќе бидат вложени дополнителни напори. Преку дијалог, взаемно почитување, искрена посветеност и поголемо заедништво, можеме заеднички да придонесеме за зацврстување на трансатлантската соработка, изнаоѓање соодветни решенија за брз прекин на огнот и постигнување одржлив и спроведлив мировен договор меѓу Украина и Руската Федерација, порача министерот Муцунски.

Тој заедно со министерот Сијарто денеска потпишаа Акциски план за размена на експертиза меѓу двете министерства за поддршка во делот на интеграција во ЕУ.

Премиерот Мицкоски, која ја предводи владината делегација на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија, утре ќе има тет-а-тет средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во составот на делегацијата се и десет министри и двајца заменици министри. Предвидени се билатерални средби на ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади. Посетата ќе заврши со заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Орбан.

Во чест на владиниот самит на Северна Македонија и на Унгарија денеска во центарот на унгарската престолнина може да се забележат знамиња на двете земји.

Tags: МуцунскиСијартоУнгарија
Next Post

Трамп: Не сум ни зборувал за прекин на воената помош на Украина, но одговоров можеби е веќе застарен

Shortcut

Најново

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk