„Ние новинарите чија работа е да ги идентификуваме и да се бориме портив дезинформациите и да ја запознаемеи едуцираме јавноста, преплавени сме со толку многу материјали и огромна маса од дезинформации што не прави несигурни што е реално, а што фикција. И тоа ја прави работата на новинарот многу потешка, со што ја губиме големата слика и тоа е тема за која треба да разговараме“, изјави претседателот на Германскиот сојуз на новинари, Мика Бојстер на третиот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Дезинформациите како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хибридното војување“.
„Мислам дека како новиари треба да се фокусираме на теми кои се многу потесно поврзани со општеството. Исто така, треба да зборуваме за сеопфатна безбедност и да го разгледаме воениот аспект. Треба да имаме отпорно општество кое треба се одбрани воено, но и технолошки, дигитално, да го вратиме нашиот суверенитет над информациите, ни требаат отпорно новинарство, но инфраструктура за пренос на информации. Имаме потреба од дигитална платформа, европска платформа, независна, дигитален суверенитет во Европа во борба против дезинформациите, смета Бојстер.