Косовскиот премиер Албин Курти и денеска изјави дека е подготвен да сведочи за Специјалното обвинителство, но тоа мора да го направи во неговиот кабинет, а не во Обвинителството, јавуваат косовските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.
„Прво, никогаш не сум рекол дека нема да сведочам или одбивам да сведочам, иако реков дека не само што сум подготвен, туку и заинтересиран да сведочам. Од друга страна, го напишав и писмото со распоредите кога може да се даде исказот.
Го поздравувам државното обвинителство во кабинетот на премиерот, во минатото имало случаи кога обвинители доаѓале кај премиерот не ни како сведоци, туку и како обвинети, така што нема причина вака да не продолжи. Веќе во декември можеше да се направи ова интервју и да се даде исказот, доколку Обвинителството го сметаше за толку важно, ќе дојдеше кај нас“, изјави Курти пред новинарите.
Тој рече дека Обвинителството нема за цел да се бори против корупцијата, туку, како што рече, „целта име попрво да ги пополнат страниците на портал на некој олигарх отколку да носат правда“.
„ Цврсто сум убеден, дека Обвинителството е повеќе заинтересирано да ги пополни страниците на некој портал на олигарх отколку да ја донесе правдата. Обвинителството на Косово никогаш не било послободно да дејствува, за жал ја користи својата слобода за да се бори против Владата, а не со криминалот и корупцијата, повторувам дека сум подготвен да сведочам“, рече Курти.
Д. Т. / Цивил Медиа