ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марион Краске: Многу важно е да се разбере кои беа грешките на Западните земји за ситуацијата во Украина

March 4, 2025 16:39
in АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Би сакала да рефлектирам малку повеќе во детали за историјата на мировниот процес, како што спомна Дерала, од  окупација на Крим, двоумењето, одлагањето, можност да се осврнам на германската улога, многу важно е да се разбере кои беа грешките на Западните земји, круцијални за оформување на научените лекции од овој процес, изјави Марион Краске, политички аналитичар и автор од Германија во првиот Панел: Отпор, мир и новата оска на автократијатана онлајн конференцијата на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracу.

„Ќе се вратам на 2014 година на окупацијата на Крим, германската влада реакциите, особено на германската влада не доведе до таму каде што сме сега. Германската влада има кратко паметење, канцеларката Меркел тогаш дури притискаше за Северен ток, гасоводот помеѓу Русија и Германија, и дури даде интервју во 2022 година, дека го воочила проблемот со окупацијата и кршењето на меѓународното право, но посочи дека сакала „поврзување преку трговија“, не промена преку трговија, туку поврзување преку трговија, и мислела дека тоа е добра одлука во тоа време, со импликации на економијата. Политичкото водство сакаше евтин гас од Путин, и тоа беше гавниот фокус во тој период“, вели Краске.

Таа ова го сметам за огромна историска греша со катастрофални последици кои не доведоа до сегашната ситуација.

-Ова беше многу контрапродуктивно, и очигледно Путин се осетил моќен со ова нереагирање, од Германија, но и од остатокот од Европа, и го протолкува како зелено светло за натамошна акција за окупација на Украина“, рече таа.

„Како последица, Путин ја нападна Украина во 2022, и трета година гледаме многу слаба и некоординирана акција на западот, вклучително и на администрацијата на Бајден. Во Германија стана очигледно дека  има недостаток на разбирање за руската инвазија, имаше неколку изјави од канцеларот Шолц, кој зборуваше за територијални цели на Русија, а не дека се работи за режим, иако Москва стави јасно на знаењ дека се работи на уништување на цела нација.

Мислам дека беше целосно неразбирање на германскиот канцелар , кој во тоа време формулираше концепт на промена на времето, но без строга посветеност на имплементацијата, мислам дека ова е многу сериозно, имаме нешто круцијално, на лист хартија кое не беше инкорпорирано во нашата надворешна политика. И не доведе до стратешки грешки (пр. Воено не се подготвивме за овие промени, нашата армија немаше стратегија), а од друга страна не дадовме соодветна поддршка за Украина,

Сведочима на целосна стратешко промашување на Германија, и не ги формулиравме стратешките цели,  имаше отворена дискусија дека Гермаија ќе ја поддржи Украина толку колку што ќе биде потребно, што не кажува ништо. Не беше формулирана најважната цел, дека ќе ја поддржиме Украина и се што ќе биде потребно за да може да победи. Тоа е разликата. Ако не сме на чисто со анализите, во формулирањето на стратегиите, како можеме да дејствуваме адекватно. Ова треба да се знае, и дека Шолц ја блокираше владата да испорача системи за одбрана, како Таурус, на Украина, за што се дискутираше со месеци. Шолц зборуваше повеќе за можни цивилни жртви во Русија, отколку за вистинските цивилни жртви во Украина. Последниве 3 години сме сведоци на дека германскиот дискурс беше, помалку или повеќе доминиран од руската перцепција и перспектива, Што ќе каже Путин, што ќе нарави Путин, беа доминантни наративи во германскиот политички дискурс“, вели Краске.

Исто и во медиумите, нагласи таа, (што е интересно, кога зборуваме за дезинформациите денес, додека работев со новинарите во Дер Шпигел), ги споделувавме погрешните наративи кои водеа до погрешни дискусии.

Краске вели дека некои од водечките воени експерти во Германија го критикуваат Шолц за неговата неефикасна поддршка за Украина што би и помогнала на Украина за да ја добие војната. Не испорачавме доволно, нагласи таа.

„Последните резултати од изборите во Германија покажаа дека Шолц не е перципиран како лидер, особено кога станува збор за безбедноста на Германија и Европа. Затоа тој масовно изгуби кредибилитет и репутација. Затоа сега е многу очигледно дека Макрон и Стармер (Франција и Велика Британија) ја интензивираа и зајакнаа динамиката и последниве недели го преземаа водството, особено, нели после оној одвратен говор на Џ.Д. Венс на безбедносната конференција во Минхен, каде што стана јасно дека е крај за безбедносните гаранции на САД за Европа. Сега гледаме дека оваа коалиција каде се исто така вклучени: Полска, Данска, Финска, Естонија… но интересно не и Германија. Ова е лекција што треба да ја научи новата Влада на Германија. Не знам дали забележавте, Господинот Шолц на Самитот во Лондон беше во третиот ред. Можете ли да замислите Ангела Меркел да стои во третиот ред? Секако дека, не. Ова е резултат на тригодишното одложување и несигурност што доаѓаше од господинот Шолц“, рече Краске.

Искрено се надевам дека со новиот канцелар Мерц, Германија ќе се врати во овој важен момент како сериозен партнер на меѓународната сцена, потенцира Марион Краске.

Д. М. / Цивил Медиа

Next Post

Повеќе скопски населби утре без струја

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk