ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија

March 4, 2025 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта, Мицкоски изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

– Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и ние како држава ќе почнеме да преговараме и убеден сум дека ако имаме можност во многу скоро да ги почнеме преговорите врз основа на вистинските Копехагенски критериуми и ќе ги завршиме и ќе бидеме дел од Европа, истакна премиерот.

Потсети дека денеска во Будимпешта се одржа и втората меѓувладина седница, по таа во Охрид во септември минатата година и истакна дека и присутните министри на билатерално ниво со нивните колеги договарале продлабочување на соработката, при што ги посочи министрите за внатрешни работи и за одбрана кои разговарале за идна можна воена соработка во сферата на воената индустрија и вмрежување и настап на трети пазари.

Нагласи дека отсекогаш сме ја имале поддршката од унгарската Влада, а сега таа има и финансиска димензија, преку унгарскиот кредит, средства кои, како што рече, се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки. На меѓувладината седница, меѓудругото, станало збор и са продлабочување на соработка во делот на инфраструктурата.

Тој му се заблагодари на Орбан за досегашната поддршка. -Тој покажа и докажа многу пати во минатото дека е човек со интегритет, дека неговиот збор планини тежи, за што ја има мојата неизмерна почит како човек и кој со своето однесувањее знае да инспирира, рече Мицкоски и му честита на неговите резултати на полето на економијата, инвестициите и во делот на капиталните инвестиции во Унгарија.

Мицкоски нагласи дека Орбан ја водел Унгарија низ трубулентни процеси, секогаш грижејќи се за заштита на националните и државните интереси. –Само ќе потсетам уште еднаш на неговиот громогласен став за заштита на европските граници од нелегалните мигранти, нешто за што заедно соработувавме, рече тој.

Напомена дека заедно ќе поттикнат Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување траен и одржлив мир во Украина преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е и во полза на украинските пријатели, но и на самата Европа.

Мицкоски додаде дека се фокусирани на нивната обврска да го подобрат животот на граѓаните и ги спомена денеска објавените податоци за растот на БДП за четвртиот квартал, кој изнесува 3,2 отсто, што споредено со три отсто од претходниот квартал, како што рече, прави годишниот раст на БДП да биде 2,8 проценти.

– Тоа е дополнителна инспирација заедно со нашите братски пријатели, народи, да работиме заедно на полето на економијата, да работиме заедно во насока на подобрување на животот на нашите граѓани, рече тој, додавајќи дека нивната цел е јасна – силна, стабилна и просперитетна Македонија во ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: евроинтеграцииМицкоскипроцес

НАЈНОВО

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија, Судски Совет неправилно гласал

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk