ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп им се закани на училиштата и факултетите кои дозволуваат „нелегални протести“

March 4, 2025 17:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека „целосно ќе престане федерално финансирање на училишта и универзитети кои дозволуваат нелегални протести“.

– Агитаторите ќе бидат затворени и/или трајно депортирани во нивните матични земји. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од криминалот, ќе бидат уапсени, напиша тој на својата социјална мрежа „Truth Social“, без да прецизира за кои демонстрации станува збор.

Во неколку американски универзитетски кампуси минатата година беа одржани пропалестински демонстрации кои Трамп остро ги осуди за време на неговата изборна кампања.

Американската влада вчера најави раскинување на договорот вреден 50 милиони долари со престижниот њујоршки универзитет Колумбија, обвинувајќи го дека не ги заштитил своите еврејски студенти од поддржувачите на Палестинците.

Американското Министерство за образование го критикуваше Универзитетот Колумбија поради неговиот „очигледен неуспех да биде одговорен“ пред сите негови студенти, што „покренува многу сериозни прашања за неговата способност да продолжи да соработува со владата на Соединетите држави“.

Додека некои конзервативни држави на американскиот југ ја ограничуваат наставата за расизам или сексуалност, Трамп дури ја објави својата намера да го укине федералното Министерство за образование.

Тој за шефица на тоа тело ја назначи Линда Мекмахон, поранешната шефица на организацијата за борење, и ѝ даде „задача да остане без работа“.

Образовниот систем во САД главно е децентрализиран, но федералната влада има значително влијание врз финансирањето, особено на училиштата во сиромашните области и за децата со попреченост.

Трамп веќе прекина неколку видови финансирање на училишта поради трансродови и други политики за различности што тој ги отфрла.

Образованието е клучно бојно поле за американските конзервативци, кои ги обвинуваат училиштата дека ги индоктринираат децата со ширење на идеите на движењето „Woke“, термин за прогресивни погледи за сексуалноста и расата.

Tags: нелегални протестиТрампучилиштатафакултети
Next Post
Генерирано со ВИ

Трамп пред Конгресот: Златното доба на Америка само што започна

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk