ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Генералите на БиХ со писмо до Руте: Вучиќ и Додик се закануваат дека ќе ја распаднат БиХ

March 6, 2025 15:05
in Uncategorized, ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Здружението на генерали на Босна и Херцеговина испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод актуелните настани во земјата и нападот врз уставниот и правниот поредок пред неговото посета на БиХ.

Во писмото, кое го пренесува Радиосарајево.ба, тие го потсетуваат Руте дека, како генерален секретар на НАТО за прв пат доаѓа во главниот град на европска земја, која беше изложена на големо воено уништување, за прв пат по Втората светска војна за време на опсада која траеше 1.425 дена, во годината кога се одбележуваат 80 години од победата на антифашистичка Европа (чиј дел е и БиХ) и светот над фашизмот.

Во писмото, генералите ја нагласуваат долгорочната посветеност на Босна кон западните и НАТО вредности, осудувајќи ги обидите на Србија и Република Српска да ги гонат официјални лица на НАТО за нивните минати интервенции. Во писмото, тие ги обвинуваат српските лидери Александар Вучиќ и Милорад Додик, дека дејствуваат како прокси за Русија со цел да ја дестабилизираат БиХ, што и не го кријат, и сериозно го нарушуваат регионалниот мир и безбедност на Балканот со тоа што го водат овој регион во нов конфликт кој може да биде уште поопасен од руската агресија врз Украина.

Го повикуваат Руде да не ја прави грешката што ја направија меѓународната заедница, ЕУ и ОН, правејќи паралели со претходните грешки во потценувањето и справувањето со Слободан Милошевиќ.

Генералите ја потврдуваат својата подготвеност за соработка со НАТО за заеднички да се спротивстават на големите државни фашистички проекти „спакувани“ во „рускиот свет“ на Путин и во „српскиот свет“ на Вучиќ кои водат до нови конфликти.

На крајот од писмото, тие го предупредуваат Руте за плановите што се подготвуваат и веќе се спроведуваат за разбивање на државата БиХ и го потсетуваат дека се подготвени, како и досега, да го продолжат заедничкото партнерство и му посакуваат  на генералниот секретар на НАТО добредојде во Босна и Херцеговина, во нашиот главен град на Босна и Херцеговина.

Драган Мишев/ Цивил Медиа

Tags: Вучиќгенерали БиХДодикРуте
Next Post

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk