Граѓаните револтирани од високите сметки за струја решија својот револт да го изразат со протест пред ЕВН во Бутел. Тие велат дека ќе организираат секоја недела протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќаше високи сметки за струјата. Бараат итно да се намалат сметките за електрична енергија.
Помеѓу демонстрантите беше и аналитичарот Рамадан Рамадани кој испрати порака до „ЕВН да не краде“
Фото: Скриншот од Фејсбук на Алаудин Мустафа
Преземено: Цивил Медиа