Српскиот претседател Александар Вучиќ за денесак најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин на сите теми од билатералните односи меѓу двете земји, од гасот, нафтената индустрија на Србија, до политичките односи и да му пренесе порака од Милорад Додик.
– Тоа ќе биде разговор за сите теми од билатералните односи меѓу Србија и Русија, од гасот, нафтената индустрија на Србија, но и нашите политички односи, севкупните односи во сите сфери на општественото живеење. А една од темите, денеска претседателот Додик ми пренесе порака што треба да му ја пренесам на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович во негово име и во име на Република Српска, рече Вучиќ по состанокот со Додик.
По средбата со претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик во Белград, Вучиќ рече дека Србија го охрабрува дијалогот во Босна и Херцеговина и дека ќе се обиде да го зачува мирот во регионот „речиси по секоја цена“.
„Кога ќе слушнете дека некој можеби се подготвува за војна, не можете а да не бидете позагрижени. Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор, но знаеме што вели тој. Не се водиме од „духот“ на договорот бидејќи кога го правите тоа, почнувате да изневерувате и лажете. Кога прашувате каде е напишано во Дејтонскиот договор.
Тој оцени дека политичарите во Сараево ќе се обидат да ја искористат Европа како „тројански коњ“ за да ја уништат РС.
Тој информира дека во наредниот период телефонски ќе разговара и со лидерите на одредени земји од Европската унија.
– Се обидувам да разберам што точно прават, а благодарен сум за лицемерието што го видов пред два дена по ден чекање или вчера по ден чекање, кога се појавија со онаква сиромашна изјава по бруталното насилство во Народното собрание каде беа повредени три жени, една жена се уште е во болница во тешка состојба, и воопшто не им беше грижа, рече Вучиќ.
Д. Т. / Цивил Медиа