ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Незапирливиот марш за напредок: Повик за акција на Меѓународниот ден на жената

March 8, 2025 12:07
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишуваат: Белен Санз Луке и Флоренс Бауер

Замислете свет каде што жените немаат основни права на образование, глас, сопственост и автономија. Свет каде што безбедноста, достоинството и независноста не ви се гарантирани, туку треба секојдневно да се борите за нив. Овој свет, иако навидум се чини архаичен, сè уште е реалност за многу жени и девојчиња.

Постигнатиот напредок им го должиме на многуте жени што неуморно се бореле за правда и еднаквост барајќи ја „сопствената соба“. Нивната борба кулминира на историската Пекиншка конференција во 1995 година, каде глобалните лидери ветија дека ќе се залагаат за иднина во која еманципацијата и правата на жените ќе бидат универзални. Сепак, по триесет години, предизвиците сè уште ни стојат на патот.

Парадоксот на нашата ера е очигледен: иако славиме напредок од невидени размери, постои уште поголема потреба да се бориме за правата на жените. Жените успешно ги рушат бариерите, девојчињата се пообразовани, а правната заштита е зајакната. Меѓутоа, овие постигнувања се доведуваат во прашање. Острите реакции против правата на жените во глобални рамки ја продлабочуваат дискриминацијата, ја ослабуваат правната заштита, ги ограничуваат репродуктивните права и го намалуваат финансирањето за родовата еднаквост. Загриженоста за демографските промени, а особено нискиот наталитет и падот на населението, се злоупотребуваат со цел да се ограничат репродуктивните права и да се уназади макотрпно постигнатиот напредок на тема родова еднаквост. Во 2024 година, речиси една четвртина од владите во светот велат дека се јавиле остри реакции против правата на жените. Насилството врз жените е на алармантно високо ниво, при што 24 милиони жени во Европа и Централна Азија се соочиле со физичко или сексуално насилство само во изминатата година. Насилството извршено со (зло)употреба на технологијата станува сè посериозна закана која несразмерно влијае врз младите жени. Како последица на војната во Украина, на околу 2,4 милиони лица – главно жени и девојчиња – итно им се потребни служби за спречување и одговор на родово-базираното насилство.

Политичката застапеност на жените е подобра. Жените сега во просек се на 32 отсто од парламентарните места во Европа и Централна Азија (во споредба со 11 отсто во 1995 година). Меѓутоа, напредокот се одвива бавно, а во некои земји дури и се уназадува. Родово-базираното насилство, штетните норми во општеството и нееднаквиот товар од неплатената работа за грижа ги спречуваат жените целосно да се вклучат и претставуваат плодна почва за опстојување на сиромаштијата. Тоа особено го чувствуваат најмаргинализираните жени, вклучувајќи ги жените што живеат во руралните средини, жените со попреченост, жените што се дел од малцинствата и повозрасните жени. Во Украина, војната ги влоши некои од постојните родови нееднаквости, поради што жените се соочуваат со зголемени ризици од насилство и имаат поголеми обврски во домаќинството, иако токму жените се тие што даваат хуманитарна помош, водат граѓански организации, ги мобилизираат заедниците и се претприемнички – денес, секој втор бизнис во Украина е основан од страна на жена.

Во моментов, родовата еднаквост е само пуст сон. Едно девојче што се родило денес ќе наполни 40 години кога жените ќе постигнат парламентарен паритет, 68 години кога

ќе се искорени детскиот брак, а можеби и нема да доживее да го види крајот на екстремната сиромаштија. Ваква иднина, не смееме да прифатиме.

Ние, како претставнички на UN Women и UNFPA, две водечки агенции на ОН, имаме задача да промовираме родова еднаквост, да поттикнеме акција наместо апатија, отпор наместо предавање и надеж наместо очај. Ние сме тие што ја наследиле оваа борба, но, ние сме и таа генерација што може да ја претвори родовата еднаквост во реалност. Родовата еднаквост не важи само за жените и девојчињата; таа е патот кон напредокот за целото човештво.

На овој Меѓународен ден на жената, ги повикуваме сите да се изборат за правата, еманципацијата и еднаквоста на сите жени и девојчиња. 2025-та да влезе во историјата како годината кога сме застанале цврсто, не сме дозволиле напредокот да ни се излизга низ прсти, а родовата еднаквост да стане незапирлива. Ајде заедно да маршираме за напредок како поединци, претставници на владата, граѓанското општество и приватниот сектор, со цел ветувањата од Пекинг да станат реалност за СИТЕ жени и девојчиња.


Белен Санз Луке е регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија. Флоренс Бауер е регионалната директорка на UNFPA за Источна Европа и Централна Азија. Преземено од МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk