Самостојниот синдикат на српските просветители поднесе кривична пријава против министерката за образование во оставка Славица Ѓукиќ Дејановиќ и 12 советници за материјално-финансиски работи на училишните управи поради намалување или неисплата на плати на просветните работници кои ја прекинаа наставата.
Синдикатот соопшти дека се поднесени пријави до антикорупциските обвинителства во Белград, Нови Сад, Ниш и Краљево поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба.
Ѓукиќ Дејановиќ е пријавена како поттикнувач дека платата на вработените во училиштата се пресметува спротивно на Законот за работни односи. Таа во својот допис до училиштата ги наведе одредбите од Законот за штрајк, иако знаела дека просветните работници не штрајкуваат, но престанале да работат согласно Законот за безбедност и здравје при работа“, се наведува во соопштението, јавуваат српски медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.