ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари вели нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, СДСМ бара да постапат ДКСК и ЈО

March 11, 2025 13:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар.

Таравари посочи дека се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот.

-Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар, рече Таравари.

Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција рече „се потврдува дека Министерството за здравство и министерот Арбен Таравари уште од самиот почеток за оваа зделка за „Ѓока Констракшн“, се откажале од 99% од приходите и ги оставиле на приватната компанија.

„Значи за приватна компанија 99% од приходите, а  за државата само мизерен 1%! Или во бројки. За годишен приход од 3,5 милиони евра од паркингот на Клнички центар, за државата би биле само 35.000 евра а за приватна компанија 3.465.000 евра. Е затоа овој скандал е огромен. Документите кои ги криеше Таравари го потврдуваат она во што се соменваше СДСМ. Самото Министерство за здравство поставило услов концесионерот да плаќа само 1% од приходите на државата! Таравари и Мицкоски свесно решиле паркингот да го предадат на приватна фирма, оставајќи ја државата без приход, додека пациентите ќе плаќаат речиси двојно поскапо паркирање! Ова е јасен доказ дека целата постапка е сомнителна и дека некој од власта дебело профитира од оваа зделка на грбот на граѓаните! Но тоа не е сè. Од докуметните во оглаот се гледа дека еден од условите за учество на тендерот бил компанијата да има изградено мостови! Каква врска има изградбата на мост со поставување монтажни гаражи во Клиничкиот центар?! Ова е основен сомнеж дека тендерот бил специјално скроен за „Ѓока Констракшн“, компанијата што го има изградено мостот „Ваша“ во Албанија. Со овој сомнителен услов, Владата оневозможила реална конкуренција и обезбедила однапред познат победник“, истакна Костовски.

Тој вели дека „сега откако се фатени живи и скандалот изби во јавноста од Владата најавуваат дека немало да го потпишат договорот.

„Не е доволно сега само да не се потпише договорот. Мора да има истрага за корупција и одговорност. Мора да постапат и ДКСК и Јавното обвинителство. Ова е скандал без преседан, вакво распродавање на државниот имот на штета на граѓаните и пострашно, на пациентите не е запаметено“, рече Костовски.

Медиумите минатата недела објавија дека приватниот оператор од Албанија „Ѓока Констракшн“ е единствена компанија која се јавила на повикот за јавно-приватно партнерство. Ако го добие договорот, ќе биде обврзана да инвестира во катни гаражи, но ќе може да наплаќа паркирање по цена од 50 наместо 30 денари од час, а за возврат на државата ќе треба да и префрли само 1 отсто од годишните приходи.

Tags: Клинички центар паркингСДСМТаравари
Next Post

Приведени 11 лица за сомнителни набавки на деривати, се гонат за злоупотреба на службена положба и перење пари

НАЈНОВО

Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk