По многубројните тврдења дека во паркот Пионер во Белград не се носат само студенти, туку и статисти, екипата на телевизијата Н1 успеа да стапи во контакт со оние кои ги организираат статистите, се наведува во видео најавата на Н1.
„Нашиот Младен Саватовиќ провери како изгледа регрутирањето, колкава е дневницата и што треба да се направи.“, истакнуваат од Н1
Во пресрет на големиот студентски протест закажан за 15 март во Белград, во паркот Пионер се постави камп на оние што се противат на блокадите на српските студенти.
Првите шатори во центарот на Белград, пред Српското Претседателство, минатата недела ги поставија членовите на здружението наречено „Студенти 2.0“, кои се спротивставуваат на блокадите на факултетите низ државата и бараат властите да им дозволат да го продолжат своето образование.
Ј. Ѓ.