ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хамас го поздрави повлекувањето на Трамп од предлогот за раселување на жителите на Газа

March 13, 2025 09:43
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Attia Muhammed/Flash90
Хамас

Фото: Attia Muhammed/Flash90 Хамас

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, вчера го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа, повикувајќи го Трамп да се воздржи од согласување со визијата за „екстремната ционистичка десница“.

Изјавата на претставникот на Хамас доаѓа откако Трамп вчера рече дека „никој не ги протерува Палестинците од Газа“ како одговор на прашање за време на состанокот во Белата куќа со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

-Ако изјавите на американскиот претседател Трамп претставуваат повлекување од каква било идеја за раселување на луѓето од Појасот Газа, тие се добредојдени, рече Касем.

Минатиот месец Трамп предложи американско преземање на Газа, каде во израелските воени напади во изминатите 17 месеци загинаа десетици илјади лица, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат трајно раселени.

Тахер Ал-Ноно, политички советник на лидерот на Хамас, пред неколку дена ги потврди тајните директни разговори со САД во главниот град на Катар, каде што разговараа за ослободување на американско-израелскиот двоен државјанин, држен од милитантната група во Газа.

Тој додаде дека на средбите меѓу лидерот на Хамас и американскиот преговарач за заложници, Адам Болер, разговарале и како етапно да се помине имплементацијата на договорот, чија цел е да се стави крај на војната меѓу Израел и Газа.

Израел и Хамас во саботата сигнализираа дека се подготвуваат за следната фаза од преговорите за прекин на огнот, додека посредниците ги продолжија разговорите за продолжување на 42-дневното примирје што започна во јануари.

Tags: ГазажителираселувањеТрампХамас
Next Post

Прва средба на Работната група за унапредување и имплементирање на стандардната оперативна процедура за центри за жртви на сексуално насилство

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk