ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, власта најбезобразно вели дека нема пари за поголеми плати

March 13, 2025 15:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Владата на ДПМНЕ за само девет месеци предизвика економска катастрофа и сериозно влошување на условите за живот. По 9 месеци власт и расипничкото владеење на Мицкоски и ДПМНЕ, контекстот во кој живееме е контекст во кој цените растат со галопирачка брзина, а власта не покажува волја да им помогне на граѓаните. И додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, Мицковски и свитата во владата јадат егзотично овошје и скапи морски плодови. Ама приказната не завршува тука, туку, гледаме како се шетаат на екскурзии со скапи летови за кој не кажуваат колку не чини нас како граѓани, јадат во скапи ресторани по светските градови и најбезобразно велат, ’нема пари за покачување плати на граѓаните‘, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во Студио 10 на 24 телевизија.

„Според анализите во последните 4 месеци  зголемени се трошоците за живот за 5%. Ако цената на јајцата претходно беше од 75-85 денари, сега е качена од 100 до 140 денари. Маслото за јадење е поскапено за 20 денари, сирење се продава од 440 до 650 денари, а кашкавалот е луксуз и го нема под 600 денари. И на сето ова треба да се додаде дека е покачена цената на струјата за 30%. Кога СДСМ беше на власт, граѓаните добива субвенции за струја, кои сега се укинати. Покачена е и цената на парното за 5%, пораснати се сметките за комунални услуги кои доаѓаат водени во општините од кадрите на ДПМНЕ“, рече Костова.

Таа потенцираше дека власта нема никаков интерес тоа да го спречи.

„Во изминативе месеци десетици милиони евра од џебовите на граѓаните се одлеани кон касите на сопствениците на големите синџири на супермаркети кои Мицкоски и ДПМНЕ ги штитат. И сите економски параметри укажуваат на влошување на економската состојба.-Згора на се власта не покажува интерес да ги зголеми платите на работниците. ДПМНЕ отворено застана против работниците, прави сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации и синдикати кои се независни и го креваат гласот против неправдите, го креваат гласот и бараат достоинствени плати и вреднување на нивниот труд. Многу брзо си ги симнаа маските и го гледаме старото, познато лице на ДПМНЕ, кој народот го дели на подобни и неподобни“, рече Костова.

Таа потсети на мерките кои ги предложи СДСМ, за подобрување на животниот стандард на граѓаните и кои ДПМНЕ не ги прифаќа. И уште еднаш потенцираше дека со намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%, намалување на ДДВ за основни прехранбени производи, замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци, спроведување на законот за нефер трговски практики, зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, ќе се подобри животот на граѓаните.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаКристина Костоваплати
Next Post

Примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини

НАЈНОВО

ВЛЕН прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

СДСМ води во Центар, ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и повеќето скопски општини

October 19, 2025

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три кандидати за градоначалник и девет листи за Совет во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk