ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

„Гласот на Америка“ ги раскина договорите со Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес

March 15, 2025 21:10
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американската владина агенција која го води „Гласот на Америка“ денеска одлучи да ги раскине повеќедецениските договори со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес и им порача на своите новинари да престанат да ги користат нивните материјали.

Кари Лејк, поранешна радио новинарка која стана републиканска политичарка, која беше избрана од претседателот Доналд Трамп да го води „Гласот на Америка“, процени дека на тој начин ќе се заштедат 53 милиони долари.

Новата американска администрација брзо го потврди својот авторитет во „Гласот на Америка“, кој доставуваше вести од американска перспектива до земјите ширум светот. Додека го чекаше официјалното одобрение за преземање, Лејк беше именувана за специјален советник во американската Глобална медиумска агенција која го надгледува „Гласот на Америка“ и сестринските организации како што е „Радио Слободна Европа“.

Таа пред два дена преку социјалните мрежи објави дека ги раскинува „скапите и непотребни договори“ со новинските агенции.

-Не треба да им плаќаме на други новински организации да ни кажуваат какви се вестите, рече Лејк, која неуспешно се кандидираше за гувернерка на Аризона. „Со буџет од речиси милијарда долари, ние треба да произведуваме свои вести. И ако тоа не е можно, американските даночни обврзници треба да бараат зошто е тоа така“, рече таа.

На денешниот состанок, на вработените во Гласот на Америка им било кажано да престанат да ги користат материјалите на агенцијата за нивните извештаи, рекоа новинарите кои сакаа да останат анонимни.

Во многу новински организации, аудио, видео и текстуални извештаи од агенции се користат за дополнување на извештаите од нивните сопствени известувачи.

АП, Ројтерс и АФП одбија да коментираат.

Потегот на „Гласот на Америка“ доаѓа во време на затегнати односи меѓу печатот и Белата куќа. Асошиетед прес ја тужеше Белата куќа за забрана за доаѓање на нејзините новинари, Пентагон отстрани неколку новинари од нивните долгогодишни позиции, а новинските агенции беа цел на тужби и истраги.

Tags: Гласот на Америка
Next Post

Брнабиќ: „Екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk