ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Река од луѓе се слева низ улиците на Белград за протестот од 16 часот, власта во очај – целосно го прекина јавниот превоз во градот

March 15, 2025 14:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Река од луѓе се слева низ улиците на Белград. Студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот, пренесува Н1. Првично беше закажан голем протест пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме сепак одлучиле –  протестот да биде пред Собранието, но дека бината ќе биде поставена и кај Славија.

Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

На Твитер е објавена снимка од дрон од луѓе кои се собираат во Нов Белград, од каде се упатуваат кон Собранието на Србија.

Snimio sinov prijatelj😎😎😎 pic.twitter.com/07ZoxEA6vL

— agw (@agw72718633) March 15, 2025

Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации.

Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени контрапротестантирте „студенти 2.0“. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера

Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.

Српското Министерство за внатрешни работи утрово нареди целосен прекин на јавниот превоз во Белград, потврди за Н1 Иван Банковиќ од синдикатот ГСП Центар.

Тој нагласи дека ГСП не ги повлекува возилата по своја волја, туку по налог на српското МВР, но прецизираше дека и покрај се, работниците во градскиот транспорт и денеска ќе останат на своите работни места, иако возилата не работат.

На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.

Студентите кои протестираат ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември. Се повеќе добиваат подршка од граѓаните на цела Србија.

Ј. Ѓ.

Tags: БелградпротестиСрбија
Next Post

(ВИДЕО) Маж приведен пред српското Собрание: Им пришол на редарите и им се заканувал со бомби

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk