ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарскиот Црвен крст од денеска организира крводарителска акција за жртвите од несреќата во Кочани

March 17, 2025 15:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА

Бугарскиот Црвен крст (БЧК), заедно со Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија, организираат крводарителска акција за потребите на младите повредени во инцидентот во Кочани, Република Северна Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот Црвен крст.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Оние кои сакаат да даруваат крв можат да го сторат од 11:30 часот денеска до крајот на оваа недела. На паркингот на болницата Пирогов ќе има шатор на БЧК, каде медицинските лица од болницата и волонтерите на БЧК ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв. Психосоцијална поддршка, како и друга помош, ќе им биде обезбедена на роднините на настраданите, како и друга помош според потребите.

Бугарскиот Црвен крст е во постојан контакт со Црвениот крст на Република Северна Македонија за да ја следи состојбата и да обезбеди итна помош. Помош за граѓаните на Република Северна Македонија може да се добие со јавување во Бугарскиот Црвен крст на (+359) 02 492 30 40, додаваат од организацијата. За поддршка на семејствата на загинатите и повредените во инцидентот, се собираат средства и на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Состојбата на 14-те повредени примени на лекување во Бугарија и понатаму е сериозна, соопшти претходно денеска прес-службата на Министерството за здравство. Младите вчера со воениот авион „Спартан“ како и пет возила на брза помош беа пренесени во Бугарија.

Tags: Бугарски Црвен крстКочаниКрводарителска акцијапожар
Next Post

Поевтинуваат дизел горивата и мазутот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk