ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина, Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, главни теми на Советот за надворешни работи на Унијата

March 17, 2025 09:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Најновиот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, со посебен осврт на случувањата во Сирија и на улогата Иран, како и односите меѓу ЕУ и САД ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел.

Состанокот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе започне со дебата за Украина на чиј старт на европските шефови на дипломатии преку видео конференциска врска ќе им се обрати нивниот украински колега Андриј Сибиха, кој ќе ги информира за најновите политички случувања и ситуацијата на теренот, како и за најитните приоритети на Киев.

Се очекува дискусијата на европските министри да биде посветена на актуелните американски и европски иницијативи, на резултатите од средбата на претставници на Украина и САД во Саудиска Арабија и од специјалниот Европски совет од 6 март, како и на подготовките на Самитот на ЕУ закажан за 20 март.

Во овој дел предвидено е Калас да ја презентира својата иницијатива за засилена воена поддршка за Украина во 2025 година, преку обезбедување безбедносни гаранции и зајакнување на одбранбените потенцијали на земјата, како и да ја нагласи важноста од одржување максимален притисок врз Русија.

Во продолжение на Советот ќе се разговара за најновите случувања на Блискиот Исток, со посебен фокус на состојбата во Газа и на ситуацијата на Западниот Брег. Се очекува министрите да го поздрават План за обнова на Газа претставен на Самитот на Арапската лига во Каиро на 4 март, како и да се реафирмира поддршката на ЕУ за Палестинската автономна управа, за мировното решение за две држави, како и на работата на УНРВА. Предвидено е и Калас да ги информира министрите за активностите мисијата на ЕУ на граничниот премин Рафа во Газа.

Шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ ќе расправаат и за последниот развој на настаните во Сирија, особено за зачестеното насилство во крајбрежните сириски области и да ја потврдат поддршката на ЕУ за земјата и за мирна и инклузивна транзиција со цел создавање политичка и економска стабилност.

Во тој контекст по завршувањето на денешниот Совет ќе се одржи деветтата Бриселска конференција за Сирија, насловена „Поддршка на Сирија: Задоволување на потребите за успешна транзиција“. Основна цел на Конференцијата е мобилизирање меѓународна поддршка за инклузивна и мирна транзиција на Сирија кон изградба на слободна, мирна и просперитетна иднина и за обезбедување хуманитарна и нехуманитарна помош и одржлива поддршка за Сиријците, како на оние во земјата, така и на сириските бегалци во земјите од регионот, особено Јордан, Либан, Турција, Египет и Ирак.

Во делот на расправата за Блискиот Исток, ќе стане збор и за политиката на ЕУ кон Иран, во контекст на неговата поддршка на  Русија, произволните притворања на европски граѓани, хибридните операции против членките на Унијата, иранската нуклеарна програма и дестабилизирачка улога на Техеран во регионот.

На заседанието министрите ќе разменат мислења и за односите меѓу ЕУ и САД и за влијанието на надворешно-политичките одлуки на САД и европскиот одговор на нив.

На крајот е предвидено Калас да ги информира шефовите на дипломатиите за резултатите од минатонеделниот состанок на надворешни работи на Г7 во Канада.

Покрај состанокот на Советот за надворешни работи, денеска во Брисел ќе се одржи и заседание на Советот за транспорт, телекомуникации и енергија на ниво на министри задолжени за енергија, на кое ќе се расправа за Акцискиот план за прифатлива енергија, чија цел е намалување на цените за енергијата на краток рок, комплетирање на Енергетската унија, привлекување инвестиции и подготовка за потенцијални енергетски кризи, потоа за енергетската безбедносна архитектурата на ЕУ, за енергетската ситуација во Украина, како и за заштитата на критична инфраструктура.

Tags: Блискиот истокЕУ-САДСоветот за надворешни работи на УнијатаУкраина
Next Post

Калас: Со условите што ги поставува, Русија покажува дека не сака мир

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk