Одговорност побараа кавадарчани на градскиот плоштад, оддавајќи почит кон загинатите во дискотеката во Кочани. Цвеќе и пораки испишани на транспаренти, се оставаат на споменикот на градскиот плоштад.
– Излегоа да слават, не да ги оплакуваме. Тие гореа, институциите замижаа. Празни чевли, полни гробишта, доста беше. До кога вака? Одговорност. Солзите се зборови што срцето не може да ги изговори. Оганот се уште гори во нас – се пораките оставени со многу емоции.
Убиство на младината е убиство на иднината, порачаа кавадарчани.
– Пепел сме за вас, но оган сме за правдата. Денес Кочани, утре кој – е испишано на еден од транспарентите.
Заедно со почитта кон загинатите, се изразува и поддршка кон нивните најблиски и повредените и нивните семејства.