ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пивоваров: Тошкоски треба да си даде оставка од морални причини бидејќи МВР како институција потфрли со случајот во Кочани

Тој нагласи дека во изминатите 33 години само еден министер за транспрт и врски, Антони Пешев, си даде оставка од морални причини после падот на рускиот авион кај кичевските брда во која загинаа 99 патници. Тој е единствениот случај на морална одговорност во нашата држава. Лицата кои раководат со институции, министри, директори, раководители... треба да имаат голем кредибилитет и интегритет.

March 18, 2025 16:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ

Корумпираниот систем ни ги уби децата. Наместо мерократија ние имаме партократија. Доверително должничките услуги на одредени структури кои се на функции и сопственикот на локалот во Кочани овозможиле институциите да не реагираат правовремено, вели професорот Владимир Пивоваров, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Тој вели дека МВР не реагираше иако во изминатиот период се направени повеќе забави во таа дискотека. Ниту УЈП не реагираше иако се плаќаат карти, пијачки итн.

Таа партикратија го уништи системот. Во медиумите се објавуваат информации дека во тој објект одеа и политичари и функционери, зарем не знаеле каде одат, прашува Пивоваров.

Тој додава дека во дискотеките царува сивата економија и се перат пари бидејќи никој не контролира колку пари се заработува. Како пример го наведе случајот со еден српски пејач во една дискотека каде што за неговиот настап земал 30.000 евра, и притоа никој не праша од каде се тие пари и на кој начин му се исплатени.

Пивоваров вели дека во ваква тешка ситуација мора да постои кризен штаб, кризно тело, за да не дојде до конфузија.

„Ако еден систем нема подсистем на контрола тогаш тоа создава хаос. Кај нас тоа е проблемот, ние немаме контрола на системот, одиме само кампањски“, вели тој.

Тој нагласи дека во изминатите 33 години само еден министер за транспрт и врски, Антони Пешев, си даде оставка од морални причини после падот на рускиот авион кај кичевските брда во која загинаа 99 патници. Тој е единствениот случај на морална одговорност во нашата држава.

„Лицата кои раководат со институции, министри, директори, раководители… треба да имаат голем кредибилитет, интегритет. Не е доволно само да се даде оставка од морални причини, јас не велам дека министерот за внатрешни (Тошковски) е директно одговорен, меѓута институцијата потфрли, институцијата не презела ништо“, вели Пивоваров.

Тој потенцира дека во вакви ситуации треба да работиме сите заедно и политиката треба да се остави на страна, да не се препукуваат кој што направил додека беше на власт.

„На крај имаме гробови, оставаме распарчани семејства, родители чија душа е изгорена“.

Пивоваров нагласува дека истрагата треба да ја утврди вината и тие што се виновни не само со дисциплинска туку и кривична постапка да има за тие лица.

„Тие што земале плата за да вршат некој вид контрола на таков вид објекти низ целата држава, треба да се види зошто аморфната маса од институции не реагирала по ниеден основ, дали е тоа УЈП, ДПИ, ДЗС, началниците од МВР, ОВР кои треба да реагираат, а не само да клатат врата и да земаат плата. Гледаме до кај дојдовме со тоа „купи ден, продај ден“, дојдовме до една бездна од која нема враќање назад.

Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Заврши обдукцијата на сите починати лица од пожарот во Кочани

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk