ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Вкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство благодарение на меѓународната поддршка

March 18, 2025 09:33
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, Клиника за токсикологија – 10 пациенти, Аџибадем Систина – 7 пациенти.

Надвор од државата во текот на вчерашниот ден на лекување биле упатени 21 пациент и тоа во Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти и Република Бугарија – 1 пациент.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера информираше дека пациентите генерално се во стабилна состојба, освен 20 пациенти, за кои рече дека се во критична состојба, притоа, нагласи дека сите пациенти кои биле во Кочани и Штип, се сместени во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство.

Министерот испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани каде загинаа 59 лица, и не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје.

– Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат ќе дадат максимум од себе. Болниците во Кочани и Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство, рече Таравари.

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка нагласи дека се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар, а очекува да пристигнат и специјалисти од Израел кои ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба.

Од пациентите кои се во критична состојба, во текот на вчерашниот ден Таравари рече дека четворица ќе бидат испратени во Словенија, четворица во Хрватска, шестмина во Австрија и 12 во Србија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пак, вчера соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Деветмина пациенти биле испратени во Турција – шестмина во Анкара, а тројца во Истанбул, во Бугарија – 14, од кои осуммина во Софија, а по тројца во Варна и Пловдив, петмина пациенти во Грција, 17 пациенти во Србија, четворица во Литванија кои биле транспортирани со авион обезбеден од Романија и двајца пациенти во Унгарија.

– Очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени надвор од државата. Во Словенија денеска сигурно двајца ќе одат, до подоцна можеби уште двајца или утре ќе остане. За Хрватска или денеска или утре ќе појдат уште четворица пациенти. Во Австрија ќе бидат трипати по двајца пациенти. Тројца во Виена, тројца во Грац, вкупно шестмина. Уште 12 пациенти со авион ќе бидат испратени во Белград, информираше Муцунски.

Во секоја земја каде се испратени пациентите, додаде Муцунски, во МНРНТ има определено контакт лице кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите за каква било помош или поддршка, а контакт листата е јавно објавена на веб страницата на Министерството. Тој најави дека ќе предложи од страна на СОЗР да бидат покриени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на македонските пациенти што се лекуваат во странство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, дванаесетте повредени лица вчера биле префлени со воен авион на српската армија. Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград, односно три девојки и едно момче, кои според првичните сознанија се во стабилна состојба и префрлени се Клиниката за пластична хирургија, а останатите се префрлени во Ургентниот центар во Белград.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, претходно изјави дека 17 пациенти од земјава се згрижени во четири здравствени домови во Србија, односно Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, нагласувајќи дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

– Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот, изјави Лончар.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, при вчерашната посета на повредените кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица.

Дописничката на МИА од Атина, вчера информираше дека со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина се пренесени тројца повредени кои ќе се лекуваат во грчката престолнина и според информациите,

Според информациите, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вчера полетал од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги зел повредените веднаш се вратил во Атина.

Повредените се хоспитализирани во Општата воена болница 401, каде што има Оддел за повредени со изгореници. Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници.

Портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова, вчера изјави дека Европската унија ја покажува својата солидарност по трагичниот пожар во Кочани и одговори на барањето на Северна Македонија за активирање на Механизмот за цивилна заштита.

– Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки изгореници. Девет европски земји – Хрватска, Грција,  Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, веднаш понудија помош, а би можела да следи и дополнителна помош, изјави Хрнчирова.

Според неа, листата на земји кои имаат понудено помош за Северна Македонија не е конечна и е направена во одреден временски период.

Во одговор на прашање на бугарски новинар зошто меѓу државите што и пружиле помош на земјава по пожарот во Кочани, кои таа претходно ги соопшти не ја спомена и Бугарија, Хрнчирова рече „примивме понуди и од други земји и можам да кажам дека на Северна Македонија веќе и понудивме и поголема помош од онаа што ја побара“ и истакна дека на барањето на земјава се уште се одговара „што не значи дека Бугарија не понудила ништо“.

Хрнчирова претходно информира дека девет европски земји веднаш понудиле помош по пожарот во Кочани, споменувајќи ги Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, но не и Бугарија.

– Листата на земји кои понудија помош за Северна Македонија не е конечна и таа е направена во одреден временски период, а станува збор за процес што е во тек, рече Хрнчирова.

Главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо додаде дека листата на земји што и пружиле помош на државава што претходно ја соопшти Хрнчирова, не е конечна и ќе биде дополнета со оние што ќе понудат поддршка.

Tags: Кочанипациентипожар
Next Post

Трамп: Со големо нетрпение го очекувам разговорот со Путин

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk